06:28 - 9 ноември, 2026

МЕЛИНДА ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ ЗА РАЗВОДОТ СО БИЛ ГЕЈТС: Го дадов секое делче од себе за овој брак, но не е злато сè што сјае!

Мелинда Гејтс отворено проговори за разводот со нејзиниот сега веќе  поранешен сопруг Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт

Според официјалните соопштенија за печатот, милијардерката- филантроп Мелинда Гејтс и основачот на Мајкрософт Бил Гејтс се разделиле на пријателски начин. Меѓутоа, поранешната г-ѓа Гејтс, во моментов, не сака да го нарече својот поранешен сопруг пријател. По дваесет и седум години брак, двајцата решија да стават точка на нивната врска.

Мелинда изјави дека е подготвена да зборува за врската и бракот со најбогатиот човек на светот.

Поранешната г-ѓа Гејтс рече во интервју дадено за CBS: „Немаше посебен момент или конкретен факт што предизвика да се разделиме. Работите дојдоа до таа точка кога сфатив дека не би било здраво да продолжам понатаму со врската“.

Во интервјуто Мелинда отворено рече дека многу страдала во годините на брак со Бил Гејтс. А не биле ретки ни депресивните епизоди низ кои минувала, па дури и дека постојано плачела а во некои моменти и лежела на подот без да реагира.

Мелинда ја продолжи приказната раскажувајќи како ги доживувала постојаните предавства на нејзиниот сопруг: „Секое делче од себе го дадов во овој брак. Секој ден бев посветена на бракот и семејството, но мислам и дека општеството е навикнато да ја префрла вината на жените, како секогаш да сме ние виновни. Ништо не згрешив, освен што останав исправена“, заклучи таа.

Бракот завршил поради бројните и континуирани неверства од страна на г-дин Мајкрософт. На првото неверство, признаено од самиот сопруг, Мелинда успеала да му прости. Меѓутоа, по постојаното озборување за афери со други жени, филантропката повеќе не можела да издржи.

Така заврши еден од најцврстите бракови за кои слушавме во последниве речиси три децении. А со отворениот разговор на Мелинда за своето искуство многумина сфатија дека не е злато сè што блеска.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....