12.8 C
Скопје
10:37 - 25 април, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 5. МАРТ: Девици продолжете кон целта, Риби дружете се со оптимисти!

дневен хороскоп

Овен
Ќе имате шанса да донесете некоја сериозна одлука и да имате многу продуктивен ден. Од околината ќе имате сериозна поддршка и денес сте полни со идеи за како да ги организирате вашите идни чекори на поле кариера. Ќе ви биде потешко од вообичаено да ја видите светлата страна на случувањата, но тоа не значи дека таа не постои. Потребно е само да почекате да помине периодот на песимистички мисли кај вас.

Бик
Денес лесно ќе ги надминувате пречките и тоа ќе ве направи привлечни во туѓите очи. На работното место сте во развој, иако ви недостасува мотивација. Повеќе фокусирајте се на задачите кои ви носат материјална стабилност. Среќата ви е на поле љубов. Помешајте се меѓу луѓе. Потребно ви е време за да сфатите зошто ѝ одите на нерви на некоја личност од вашата околина.

Близнаци
На емотивно поле, на сите очекувања од партнерот ќе одговорите подготвено и на тој начин уште повеќе ќе ја стабилизирате вашата врска. На професионално поле, вашата деловна комуникација денеска одлично ќе се одвива. Ќе добивате јасни одговори и поттикнувања. Совет – внимавајте, можни се мали недоразбирања при договарањата.

Рак
Може да почувствувате силна потреба да се извлечете од сѐ, но каде би отишле? Непријатноста што ја чувствувате може да биде одговор на сите притисоци поради кои страдате. Социјалните барања, работните обврски и семејните потреби можат да ве одведат до точка на пукање. Денес можете да го исклучите телефонот, да спуштите ролетни и да уживате во некоја добра книга.

Лав
На емотивно поле, многумина денеска ќе увидат дека се вистински среќници и дека во љубовта им се остваруваат бројните желби. Чувајте го тоа. На професионално поле, повеќето од вас денеска успешно ќе ја поврзат креативноста, интуицијата, стандардните работи и опуштениот пристап кон нив. Ќе направите голем чекор и ќе се исповедате на саканата личност.

Девица
Денес ќе имате чувство дека работите се одвиваат пребрзо, па мора повеќе да практикувате активности во природа. Бидете во близина на луѓе кои ви ја поттикнуваат креативноста. На поле љубов, инстинктите нема да ве прелажат, потпрете се на нив. Продолжете напред кон целта, но не заборавајте да дишете и да се релаксирате со некоја вежба одвреме-навреме.

Вага
На емотивнo поле, ќе продолжите да се забавувате како да не постојат никакви проблеми. Ќе успеете да избегате од сè и да останете насмеани. На професионално поле, во работните задачи со млади, ќе откриете инвентивни идеи, кои целата работа ќе ја поместат за чекор понапред. Здравје и совет – за спортистите денеска е добар ден.

Скорпија
Се чувствувате романтично и страствено денес. Ако се појави некое несогласување помеѓу вас и вашата сакана, сега е вистинско време да го решите тоа. Зошто да не го однесете својот партнер на вечера? Можеби тоа е она што е потребно за повторно да се разгорат страстите. Ако сте соло, од некој пријателски разговор може да се роди страст кон одредена личност.

Стрелец
Денес треба да бидете флексибилни со распоредот, обврските, но и односот кон блиските. На работното место не го бирајте полесниот пат, може да си навлечете сериозни непријатности. Во љубовта стремете се кон мир и хармонија по секоја цена. Софистицирани сте и заводливи, па дејствувајте. Ако сте сингл, една личност толку ќе се одушеви од вас, што нема да ве остави на мир.

Јарец
Понекогаш немате доволно трпение за да одговорите на различни прашања или да ги задоволите бројните барања. Полесно е да се справите со ситуации кога имате различни опции отворени за поширок избор и слободно дејство. Кога ќе се сретнете со саканата личност, не отстапувајте од своите цели. Размислете, големата упорност може да има лоши последици. Проблеми со синусите.

Водолија
Добре дојдовте назад. Толку многу сте биле зафатени со вашите егзистенцијални проблеми во последно време што сте заборавиле на сегашноста и она што се случува токму пред вас. Сега сте присебни, можете да уживате во моментот, во својот секојдневен живот и оние мали нешта што го прават животот поубав. Најблиску до себе задржете ги оние личности кои забележувате дека постојано се трудат да ви измамат насмевка. Тие се извор на вашата радост.

Риби
Бидете во близина на луѓе оптимисти, бидејќи ви недостасува енергија. На работното место мора да донесете брзи и нагли одлуки, без да барате туѓо мислење. Интуицијата нека ве води. На поле љубов мора да бидете потолерантни. Дадете си време себеси и направете нешто што ви претставува задоволство. Ќе бидете во форма, но тоа не значи дека треба да им ги вршите работите на другите.

Слични објави

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо
Се вчитува....