Намирници кои имаат смирувачко дејство

Кои се тие магични намирници кои имаат смирувачко дејство? Прочитајте го основниот список и потрудете се секогаш да имате нешто од тоа во вашите резерви…

Анксиозноста претставува составен дел од животот на речиси секој современ човек и најчесто се решава со психотерапија или конзумирање на одредени лекови. Меѓутоа, многумина не се свесни дека важен дел од борбата со овој проблем е и балансираната храна проследена со физичка активност.

Сите овие елементи на здрав живот секако не можат да бидат лек против анксиозност, но докажано е дека позитивно дејствуваат на расположението и целокупното здравје на поединецот.

Овие намирници ќе ви помогнат во борбата против овие проблеми…

Риба богата со масни киселини

Во истражувањата направени од Универзитетот во Охајо, студентите ги земале суплементите омега 3 масни киселини и успеале да ја намалат анксиозноста за околку 20 проценти, во однос на оние кои земале плацебо. Не е неопходно да се одлучите за суплементи, но можете да се исхранувате со храна богата со омега 3 маснаи кисели кои ги содржат одредени видови на риби.

Чај од камилица

Камилицата се користи во здравството уште од дамнешни времиња, но неодамна е откриено дека позитивно делува на лица кои патат од анксиозност, и тоа од блага до умерена форма на болеста. Ако не сакате чај, потрудете се да набавите екстракт од камилица.

Јајца

На мозокот му се неопходни витамини од Б групата за нормално да функционира. Ако ги нема доволно во нашата исхрана може да дојде до нервоза, анксиозност, чувствителност и многу други последици. Потрудете се во исхраната да имате различни продукти кои се богат извор на витамин Б, како цитрусно овошје или јајца. Во јајцата има и нолин, хранлива состојка која им е посебно потребна на жените во менопауза.

Пробиотици

Оддамна знаеме дека мозокот и желудникот се поврзани, инаку како би чувствувале глад? Меѓутоа, новите истражувања покажаа дека бактериите во нашиот желудник имаат влијание врз нашите чувства. Пробиотиците, добри бактерии, овозможуваат исправно функционирање на дигестивниот систем, но некои од нив, кои се наоѓаат во јогуртот, го намалуваат стресот, анксиозноста и депресијата. Научниците истакнале дека ваквото откритие е охрабрувачко, но дека се потребни понатамошни истражувања.

Зелен чај

Зелениот чај е богат извор на танин, кој има смирувачко дејство врз човекот. Едно истражување покажало дека студентите кои се склони на анксиозност останале мирни после само 200 милиграма од оваа амино киселина.

Слични објави

3-те најнеуредни хороскопски знаци – Дали и вие сте меѓу нив?

Igor

ЗАКОПЧАНА ДО ГРЛО: Ова е првиот јавен настап на Јелена Карлеуша (ВИДЕО)

Igor

ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛОТ тргнува во училиште, нејзиниот распоред на часови ќе ве изненади

Igor

ПОГЛЕДНЕТЕ како девојката на РОНАЛДО блесна во Кан (ФОТО)

Igor

Ирина Шајк ги распамети мажите околу неа со своето играње! (ВИДЕО)

Еспресо

Јадете велигденски јајца и ослабете 10 килограми

Igor

Остави Коментар

четиринаесет − четиринаесет =

Слични објави

ШТОМ СЕ ПОЈАВИЛА НА ФАКУЛТЕТОТ ГО ДОБИЛА ОВОЈ ПРЕКАР! Кој би рекол дека ВОЈВОТКАТА некогаш вака ја нарекувале!

Igor

Петар Грашо во „Еден на Еден“ откри поради кого почнал да пее! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Погледнете кој српски актер беше во публика на концертот на Калиопи во Белград (ВИДЕО)

Igor

Директно од кујната на баба: Меки полнети мекици

Igor

Мајли Сајрус е бремена: Го направи тоа за инает на поранешниот сопруг!

Еспресо

Ричард Гир: За мојот успех заслужна е најмоќната сила на Универзумот

Еспресо
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian