11.8 C
Скопје
05:18 - 11 мај, 2024

Легендарниот Стинг ја откри тајната за бракот долг 27 години: Случајно станав татко шест пати!

Славниот пејач Стинг (68) и неговата сопруга Труди Стајлер (66) имаат четири деца, а пејачот, од бракот со поранешната сопруга Франс Томелти (71), има уште две деца.

По 27 години брак и 37 години врска, Стинг и неговата сопруга Труди Стајлер и понатаму се заљубени еден во друг како од првиот ден.

Знам некои работи за бракот. Со Труди се венчав пред 27 години, а многумина ме прашуваат како бракот ми се задржал толку време. Секогаш велам дека тоа е помалку чудно, но ништо не земаме здраво за готово – раскажа популарниот пејач за магазнот „Пипл“.

– Се сакаме, но всушност и си се допаѓаме еден со друг и во тоа е целата поента. Љубовта е страствена, но кога некој толку многу ви се допаѓа и сакате да бидете во негово друштво, тогаш тоа трае многу подолго – вели Стинг.

Пејачот истакна дека е во брак со својата најдобра пријателка, како и тоа дека никогаш не мислел дека ќе стане татко.

Фото: Профимедиа

Никогаш не размислував за тоа дека ќе станам татко. Случајно станав татко шест пати, толку сум паметен. Тоа се најдобрите случајности во мојот живот и најдобрите луѓе на светот – вели Стинг, кој истакна и дека веќе има седум внуци.

Стинг смета дека ниту еден родител не е совршен, а колку и да постоеле моменти кога неговите деца биле среќни што тој им е татко, постоеле и моменти кога им било мачно поради тоа.

Англичанецот се прослави како пејач на групата „The Police“, а потоа продолжи да гради успешна соло кариера.

Иако бројни жени буквално луди по него поради неговата популарност, сепак, срцето на пејачот и припаѓа само на неговата сопруга, а со Труди има врска долга речиси четири децении, која никој не може да ја уништи.

Слични објави

„Таблетот… Ама, сè ми украдоа!“: Сандра Африка со детали по грабежот во Словенија

Еспресо

„Не можам да гледам сатанизам“: Српскиот пејач Ацо Пејовиќ проговори за Евровизија

Еспресо

(Фото+видео) Денеска е еден од најтешките денови за Никола Роквиќ: Налета на опасна змија, но сепак успеа да ја соопшти радосната вест

К. А.

(Фото) „Море марш бре!“: Твитот на Марија Шерифовиќ за време на полуфиналето на Евровизија многумина го коментираат како порака до Израел

Еспресо

Мирослав Илиќ си купил гробно место за себе и за сопругата: Секоја чест за алејата на заслужните, но јас секогаш го избирам Мрчајевци

Еспресо

(Фото) Џастин Бибер ќе стане татко: Хејли е бремена, го очекуваат првото дете

Еспресо
Се вчитува....