02:16 - 10 ноември, 2026

(Видео) Шок на прес-конференцијата на Евровизија! Претставничката на Израел доби непријатно прашање, еве како одговори 

По втората полуфинална вечер на Евровизија, што се одржа синоќа, претставничката на Израел, Еден Голден на прес-конференцијата одговараше на прашања на новинарите, а едно прашање не ѝ беше пријатно.

Претставничката на Израел, Еден Голан влезе во финалето на најголемиот музички натпревар „Евровизија 2024“, по што одговараше на прашања на новинарите на конференцијата.

Едно прашање ја остави без зборови претставничката на Израел, но таа сепак одговори на него.

Имено, ѝ било поставено прашањето: „Дали мислиш дека со твоето присуство претставуваш опасност за сите?“

 


По поставеното прашање, ја советувале дека не мора да одговори на тоа прашање.

Еден член од нејзиниот тим ѝ рекол пред сите: „Не мора да одговориш на ова ако не сакаш“, но Еден Голан, сепак, одлучила да одговори.

– Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки ова натпреварување да биде безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука – одговорила Еден Голан, која не беше пријателски пречекана во шведскиот град Малме.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by wiwibloggs (@wiwibloggs)


На видеото кое кружи на социјалните мрежи, се слуша како публиката на полуфиналната проба свирка и скандира „Слободна Палестина“, по што Еден побегнала од салата. Поради учеството на Израел на Евровизија, имаше и масовни улични протести.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....