17:50 - 8 ноември, 2026

Мирослав Илиќ си купил гробно место за себе и за сопругата: Секоја чест за алејата на заслужните, но јас секогаш го избирам Мрчајевци

Пејачот Мирослав Илиќ откри дека си купил гробно место за себе и за сопругата Гордана во родното село. Како што откри во изјава, не сака да почива во алејата на заслужните и дека повеќе го сакал Мрчајевци.

– Со жена ми веќе оградивме парцела на гробиштата во Мрчајевци, некои имаат проблем да зборуваат за ова, јас не. Оставив место во близина на гробовите на мајка ми и татко ми. Важно беше тоа да биде во Мрчајевци. Секоја чест за алејата на заслужните граѓани и сите други, но јас секогаш го избирам Мрчајевци – рече Мирослав.

Патем, тој не е единствениот кој го направи ова. Пред него гробни места купила и пејачката Злата Петровиќ. Злата смета дека секој одговорен човек треба да го направи тоа.

– Таа приказна за купување гробно место всушност започна со мене. Секој одговорен што купува куќа и гради дом треба да обезбеди и гробно место. Можеби сега стана мода, но не ми е баш гајле – изјави тогаш Злата.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....