03:08 - 8 ноември, 2026

Кралицата Елизабета среќна како мало дете – После 60 години и се исполни најголемата желба (ФОТО)

Британската кралица Елизабета II (93) ја покажа својата сосема поинаква страна од онаа на која досега сме навикнати. Наместо аристократкото сериозно држење при позирањето за фотографија, кралицата конечно на себе си си ја исполнила желбата која ја имала со години – да се фотографира со раџете во џебовите.

Фотографијата ја објави магазинот Hello во пресрет на издавањето на книгата на Ангела Кели, долгогодишната стилистка на кралицата, а портретот кој го овековечи фотографот Бери Џефри ги воодушеви фановите ширум светот.

На фотографијата во очите на кралицата јасно се гледа колку е среќна што конечно зазема ваква поза за фотографирање и токму нејзината искрена насмевка е тоа што воодушеви половина свет.

Кралицата Елизабета сакала ваква фотографија уште од крунисувањето, но нејзината претходничка, односно нејзината мајка – Кралицата Елизабета и официјалните лица од палатата никогаш не и дале одобрение.

профимедиа

Ангела Кели открила уште поинтересни нешта од самото фотографирање.

„Нејзиното височество позираше во различни пози – со рацете во и надвор од џебовите, па ги стави и рацете на колковите и ги имитираше професионалните модели, беше толку среќна и природна“, открива Кели.

профимедиа

Сепак, кралскиот совет одлучи дека необичните фотографии од кралицата не се прикладни за споделување во јавност и одобрена е само една – ретка фотографија на која се гледа кралската насмевка од уво до уво.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....