6.8 C
Скопје
02:20 - 26 април, 2024

Хороскоп за 21 ноември четврток – Овните ќе добијат долгоочекуван повик, Раковите ќе доживеат големи проблеми

Овен

Ако сакате да започнете некоја работа со Шкорпија, Риба или Јарец, бидете упорни и не дозволувајте било кој да ве предомисли, особено не некој Лав. Ако се обидувате да им се наметнете на Близнаците, можно е тие само првично да се согласат на соработката. Ќе добиете повик кој долго сте го чекале.

Бик

Се трудите да му се допаднете на некого од кого очекувате помош, а всушност веќе имате симпатии не само од ова лице туку и од многу други кои можеби јавно ве подржуваат и во секој случај сметаат на вас. Добро би ви дошло дружењето со Риби или Рак. Чувствувате потреба да ја искажете својата способност на начин на кој вие тоа го сакате и планирате.

Близнаци

Подготвени сте да ги прифатите сугестиите од другите лица кои во работата се поискусни од вас и за кои мислите дека се добронамерни. Можно е да станува збор за Стрелец кој често престојува во странство или станува збор за лице кое се занимава со спортот. Морате да му се јавите на блискиот роднина кој со денови го очекува вашиот повик.

Рак

Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.

Лав

Чекате повик од некоја Девица, Шкорпија или Близнаци во врска со заедничкото излегување. Избегнувате да се соочите со некој друг Лав или Стрелец а и некоја Вага не ви е толку пријатен соговорник. Можеби е време да се соочите со сопствените пропусти и да сфатите дека вашиот живот е во вашите раце.

Девица

Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале. Сепак, внимавајте на вашите финансии, лошо ги распределувате. Вашите соработници се задоволни од вашето учество во важните проекти, продолжете така.

Вага

Потребен ви е совет од Рак или Риба и ќе ги наговорите да се сретнат со вас по секоја цена. Не се двоумете да ја контактирате Шкорпијата, Јарецот или Водолијата, особено ако не сте се договориле за деталите во врска со некое патување или некоја заедничка работа. Решете го прашањето со долговите или прилагодете се со Шкорпијата или некои други Близнаци.

Шкорпија

Верувате дека во работата ќе успеете во нешто што на другите не им е лесно. Потребен ви е некој како посредник и тоа веројатно ќе биде некоја жена која е постара од вас и вие со неа сјајно ќе поминете. Добро се согласувате со уметниците и со креативните лица со кои секогаш имате за што да разговарате. Можен е повик од друга Шкорпија.

Стрелец

Ќе забележите дека финансиската состојба ви се подобрува и тоа ќе ви влијае особено позитивно на расположението. Денес имате прилично динамичен ден со можни резултати на деловен или професионален план. Не го запоставувајте семејството и партнерот.

Јарец

Напнатите односи во домот и можните расправии во врска со парите во голема мера можат да ви го расипат расположението. Не е моментот поволен за правење на планови во врска со недвижнините. Ако сте млади, попуштете пред барањата на некои лица, особено во домот. Ако имате нерасчистени односи со блиските роднини најдете начин да го решите тој проблем.

Водолија

Очекувате некаков вид на подршка а ни сами не знаете од кого. Се обидувате на некого да му оставите впечаток дека бил малку груб со вас и дека би требало да го промени однесувањето. Ако имате намера да се сретнете со некои Риби, не морате да бидете целосно искрени. Добро се согласувате со некој кој некогаш ви помогнал во врска со странство.

Риби

Денес бидете директни во разговорите. Ако имате предлог за забава, кажете го без заобиколување. Ако некој позајмил од вас нешто и сакате да ви биде вратено, без воздржување побарајте го. Ако сакате повеќе романтика во врската, кажете му тоа на партнерот. Не претпоставувајте дека луѓето читаат меѓу редови, затоа што најголем дел од нив воопшто не се обидуваат да го прават тоа.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....