6.8 C
Скопје
05:13 - 19 октомври, 2026

Калинката, симбол на плодност

Калинката е единствено и мистериозно овошје кое одамна претставува симбол на плодноста, доброто здравје и вечниот живот. Потекнува од Персија и во минатото била позната како овошје на боговите. Се верува дека ја одржува младоста и го продолжува животот.

Калинката важи за едно од најатрактивните овошја во светот. Научните истражување потврдиле дека калинката помага за плодност кај жените.

Што се однесува до машката популација, докажан е податокот дека калинката ја зголемува плодноста кај мажите, бидејќи позитивно влијае на квалитетот и концентрацијата на сперматозоидите. Притоа потврдено е дека две чаши сок од калинка на ден го зголемуваат либидото, како кај мажите, така и кај жените, бидејќи ова овошје влијае на зголемувањето на нивото на тестостерон во организмот и кај двата пола.

Лековитите својства на калинката:
– калинката е многу силен антиоксидант кој спречува настанување на одредени видови рак;
– сокот од калинка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар;
– спречува згрутчување на крвта во артериите;
– го намалува крвниот притисок;
– го намалува нивото на холестерол во крвта;
– поволно влијае на централниот нервен систем;
– содржи билни материи кои го поттикнуваат производството на серотонин во организмот, па е корисна и за ублажување на депресијата;
– семките од калинката се богат извор на витамини (особено витамините Ц и А), што значи дека ова овошје е корисно и за имунолошкиот систем;
– корисна е за коските, па се препорачува како превенција од остеопороза и остеоартритис;
– ги уништува Ешерихија коли и бактеријата стафилокока;
– содржи многу железо, така што може да помогне во отстранувањето на симптомите кај анемични лица, како што се слабост и вртоглавица.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....