12:30 - 29 ноември, 2026

Постојано ги бакнуваше и им зборуваше дека ги сака: Последни фотографии на Кирк Даглас со семејството (ФОТО)

Крик Даглас отсекогаш се гордееше со своето бројно семејство и често го истакнуваше тоа како свој најголем успех во животот.

Покојниот актер има четворица синови, кои му подарија внуци и правнуци, а до последниот ден Кирк се трудеше да одржи блиски односи со сите членови од семејството.

Последните фотографии на легендарниот актер со семејството ги објави неговиот внук Камерон на својот Инстаграм профил.

Фотографиите се направени во декември, за време на 103-тиот роденден на големата легенда.

Семејството во таа прилика му подготви на Кирк торта инспирирана со мотиви од Спартак, неговата најпозната улога, а тогаш сите за последен пат позираа заедно.

Кирк Даглас јавно зборуваше за тоа дека поради дистанцираниот однос со својот татко, тој се трудел да биде најдобриот татко на светот.

– Постојано ги бакнувам и им зборувам дека ги сакам – рече актерот во една прилика.

View this post on Instagram

#Familyfirst ❤️??

A post shared by Cameron Douglas (@cameronmorrelldouglas) on

Слични објави

(Фото) Новак Ѓоковиќ се појавува во новиот филм за Фокерови – ја дели сцената со Роберт де Ниро и други холивудски ѕвезди

Т.Ц.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо
Се вчитува....