24.8 C
Скопје
16:44 - 29 март, 2024

Не се секогаш ривали: Овие актери се најдобри пријатели во вистинскиот живот

Снимањето на филмовите некогаш знае да се одолжи, па зошто тоа време да не се искористи за дружење. Често се пишува за ривалства во актерскиот свет, за кавги на снимањата, како и за нетрпеливост помеѓу актерите поради што се отежнува работата. Ретко кои медиуми пишуваат за добар и колегијален однос помеѓу некои од најголемите ѕвезди.

Сепак, постојат одредени телевизиски и филмски остварувања кои зближија одредени актери во толкава мерка што останале пријатели долги години по заедничкиот актерски проект.

„Брајт сајт“ ни ги претставува познатите актери и актерки кои се пријатели во вистинскиот живот:

Кортни Кокс и Џенифер Анистон

Откако заедно го делеа екранот во серијата „Friends“, Кортни и Џенифер станаа пријателки во вистинскиот живот. Тие не се пријателки кои понекогаш ќе се напијат заедно кафе, туку се доста блиски и тоа веќе речиси 20 години.

Џенифер е кума на ќерката на Кортни Кокс.

Пенелопе Круз и Селма Хајек

Овие две убавици се колешки се зближија за време на снимањето на филмот „Bandidas“. Во вистинскиот живот се пријателки повеќе од 20 години. Пенелопе во една прилика изјави дека, додека немале деца, помеѓу себе се нарекувале „јајце“, бидејќи многу спиеле, токму како јајца во гнездо.

Мет Дејмон и Бен Афлек

Овие двајца актери се појавија заедно во неколку филмови, а своето пријателство надвор од телевизиските екрани го негуваат повеќе од 35 години.

Фото: Профимедиа

Пораснавме заедно. Двајцата сакаме исти работи, глумата и создавањето на филмови. Сметам дека взаемната опсесија кон филмот не поврза секогаш – тврди Мет Дејмон.

Џејмс Франко и Сет Роџен

Џејмс и Сет станаа пријатели кон почетокот на 2000-тите години додека глумеа во серијата „Freaks and Geeks“. Подоцна заедно работеа на уште неколку проекти. Во своето слободно време и двајцата се шегуваат на сметка на други познати личности како Ким Кардашијан.

Бред Пит и Џорџ Клуни

Двајцата актери од прва класа станале најдобри пријатели во текот на снимањето на „Ocean’s eleven“. Пит и Клуни набргу сфатиле дека имаат идентична смисла за хумор. Нивното пријателство, сепак, можеше и да го заврши Анџелина Џоли, која имаше отворен непријателски став кон сопругата на Џорџ Клуни. Но, Бред сега е слободен и може да се дружи со Клуни кога и да посака.

Сандра Булок и Рајан Рејнолдс

Фото: Профимедиа

Рајан смета дека филмот „The Proposal“, во кој глуми со Сандра Булок, станал популарен токму поради нивното долгогодишно пријателство.

Се знаеме долга низа на години, снимањето на филм со неа е како снимање со член од семејството – истакна своевремено Рајан.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....