03:10 - 29 ноември, 2026

Мик Џегер повторно на филмското платно: Уживам додека глумам! (ВИДЕО)

Без разлика на тоа дали настапува пред арена преполна со десетици илјади обожаватели или глуми во филм, легендарниот Мик Џегер вели дека искуството во суштина е исто, бидејќи тој и натаму настапува.

Џегер (76) во последната улога во трилерот „The burnt orange heresy“, глуми богат колекционер на уметнини на Џозеф Касиди, пренесува Ројтерс.

Филмот, во кој глуми и Доналд Сатерленд, а кој е снимен во вила на езерото Комо, беше промовиран синоќа во кино салите ширум Њујорк и Лос Анџелес.

Иако се појавува само во две сцени, ова е најголемата улога на Џегер од 2001 година, кога глумеше во филмот „Elysian fields“.

– Актерството не е голем дел од мојот живот, но кога глумам секогаш уживам во тоа – вели Џегер за Ројтерс.

– Ова е друг вид на настап. Сакам да правам работи кои ме интересираат, без разлика дали станува збор за актерство, музика, комедија или што било – рече тој.

Слични објави

(Фото) Новак Ѓоковиќ се појавува во новиот филм за Фокерови – ја дели сцената со Роберт де Ниро и други холивудски ѕвезди

Т.Ц.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо
Се вчитува....