Чизкејк во чаша: Брз и лесен рецепт без матење и печење (РЕЦЕПТ)

Чизкејкот, за многумина е омилениот летен десерт со лесна и вкусна текстура.

Денеска, Ви претставуваме лесен за припремање, но подеднакво вкусен рецепт за чизкејк, за кој не ви се потребни ни миксер ниту рерна.

Потребни состојки:

Основа или база:

• 50 гр. бисквити

• 25 гр. путер, омекнат на собна температура

Крем:

• 100 гр. густ јогурт

• 50 гр. свежо крем-сирење

• 75 гр. слатка павлака

• една лажица шеќер во прав

Прелив:

• 250 гр. шумско овошје

• една лажица шеќер

• една лажица цеден сок од лимон

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги бисквитите и помешајте ги со растопениот путер. Смесата распоредете ја во 3 чаши за десерт и обликувајте ја со помош на лажица, а потоа ставете ги чашите во фрижидер додека го подготвувате остатокот од колачот.

2. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав додека не добиете цврста структура, јогуртот измешајте го со свежото крем-сирење и додадете го во слатката павлака. Сите состојки нежно измешајте ги се додека не се соединат. Кремот додадете го врз подготвената подлога од бисквити и повторно вратете ја во ладилникот на околу еден час.

3. Во меѓувреме, исечкајте го шумското овошје на ситни парчиња и префрлете ги во тенџерче, додадете го шеќерот и лимоновиот сок и гответе на ниска температура околу 10 минути со постојано мешање. Смесата оставете ја да се излади, а потоа додадете ја врз вториот слој од крем во чашите. Вратете ги чашите повторно во ладилникот сѐ додека не ги послужите.

Совет:

Дозата на наведените состојки е доволна за 3 порции десерт или малку повеќе, во зависност од големината на чашите. Овошјето во преливот можете да го менувате по желба, но со крем-сирење најмногу одговараат киселкасти ситни плодови како вишни, малини, капини и сите видови бобинки.

Слични објави

Скапи вили и автомобили за нив е ситница: Погледнете кои светски ѕвезди имаат приватни острови (ФОТО)

Igor

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ „удри“ по Беквалац: Само Наташа може да биде на колена!

Васко Спасоски

ИТАЛИЈАНСКИ БРУСКЕТИ: Сите потребни состојки веќе ги имате дома (РЕЦЕПТ)

Igor

Сандра Африка со жешки фотки од јахта го запали интернетот (ФОТО)

Igor

СЕ СТРАВУВА ДЕКА ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ГО ЗАГУБИ ВИДОТ: Мел Б префрлена во болница!

Igor

Досега никому не му беше згоден, а откако се појави на Оскарите жените полудеа по него (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

три − 2 =

Слични објави

Ова е реалност: Папарацо фотографиите на познатата манекенка ја покажуваат суровата лага за реалноста на Инстаграм! (ФОТО)

Лидија Вукиќевиќ го покажа змиското тело на Занзибар (ФОТО)

Еспресо

Милица Павловиќ со новото жешко видео ги остави мажите без сон (ФОТО)

Еспресо

Шварценегер стана РАПЕР!

Igor

Интегрални варени гевречиња (РЕЦЕПТ)

Igor

Убавата актерка беше во врска со 16 години постариот колега, а сега го има популарниот Бали бег

Еспресо
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian