23.8 C
Скопје
16:02 - 19 октомври, 2026

Златни правила за секс во вода за врвно уживање во најжешкото летно искуство

За време на летните одмори покрај езеро или море, сексот во вода е дефинитивно меѓу најжешките искуства што можете да ги запишете во вашиот дневник. Никогаш не сте го пробале? Намаленото чувство на гравитација ве прави полесни, лулањето на брановите ги прави движењата пофлуидни, бавни и без можост да се испотите, дури и при највиосоките температури.

Во када, во базен, во езеро, во море: сексот во вода сепак мора да следи некои правила за да избегнете непријатности.

Златните правила за незаборавен секс во вода се:

  1. Каде и да сте, важно е да најдете место што ќе ви овозможи сосема да се опуштите бидејќи водата влијае на „подмачкувањето“, односно на намалената влажност. Затоа, пенетрацијата може да биде малку болна.
  2. Секогаш избирајте тајни, ненаселени местенца, така нема да ризикувате да се засрамите и да внесете фрустрација во моментот.
  3. Изберете место каде што сте сигурни дека водата е чиста: последователните инфекции или иритации нема да го оправдаат задоволството. И запомнете, ако сте во море, дека и онака солта е абразивна; затоа подобро е убаво да се истуширате (особено на „оние“ места) по сексуален однос.
  4. Во филмовите, брегот е едно од најпопуларните места за секс, но во реалноста не е и најпријатно: континуираните бранови можат да ве декоцентираат и да го нарушат вистинскиот ритам; покрај тоа, песокот, кој може да се лепи меѓу вас, може да создаде непријатна сензација, па дури и да ве изнервира.
  5. Најдобро е да одберете мирно местенце со мало струење на водата, каде може да го допирате со нозете дното, за да можете лесно да се движите и да го пронајдете вистинскиот ритам.
  6. Најудобна позиција е дефинитивно лице в лице, што ви овозможува да бидете прегрнети со партнерот/ка.
  7. Запомнете, подеднакво е важно да пронајдете нешто, како на пример карпа, за да се потпрете, на тој начин ќе го зголемите задоволството.
  8. Дали некогаш сте се обиделе да го бакнете неговиот полов орган под вода? Подводниот орален секс, дури и на неколку секунди, пријатно ќе ве изненади.
  9. Искористете го и сексот под туш: ништо поромантично и пожешко од тоа, одвоите време да се исчистите од солта, по долгиот ден на плажа. Изненадете го вашиот партнер/ка –  истријте му го грбот, изсапунирајте го на сите места, изведувајќи „влажна масажа“ со мирислив гел за туширање.Препорака: користете кондом дури и во вода. Дури и ако околината е невообичаена, ризикот да забремените или да заболите од преносливи болести е секогаш присутен.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....