21:25 - 8 ноември, 2026

Како изгледа појадокот во Аргентина, Австралија и Колумбија?

појадок

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се на нозе или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна за да си го почне денот.

Аргентина

Медијалунас(полумесечинки)

кроасани
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Појадокот во Аргентина е хедонистичка афера. Локалните жители кои обично јадат една од двете работи: тостадос (тост) или медијалунас („полумесечинки“), кои се колачи слични на кроасани, но помали и послатки. Се разбира, тие обично се јадат со кафе.

Австралија

Вегемит

вегемит
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Вегемит е класичен австралиски производ што луѓето или да го сакаат или го мразат. Тоа е дебел, црн намаз што е направен од екстракт од пивски квасец и традиционално се мачка многу тенок слој врз малку напутерно лепче, понекогаш придружен со парче сирење.

Колумбија

Чангуа

чангуа
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Во централните региони Андрес во Колумбија, обилен појадок често вклучува чангуа – супа направена со вода, млеко и компири, која обично се служи со јајце на крајот. Кога супата врие, живо јајце се се става во неа внимателно, без да се скрши жолчката, а потоа се остава да се готви во врелата супа. Може да се сервира со пржени млади кромитчиња или свеж коријандер, како и стар леб (кој омекнува во супата) и можеби дури и парчиња распотен кашкавал.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....