19.8 C
Скопје
14:21 - 26 април, 2024

Четири најубедливи докази за постоење на патници низ времето (ВИДЕО)

Ако можеме да им веруваме на британските научници, околу 2.100 година телепортацијата и патувањето низ времето ќе бидат дел од нашата реалноста.

Група на физичари од Кралскиот колеџ во Лондон предвидуваат дека времепловот би можел да биде легитимно возможна работа за 85 години, додека телепортацијата во околу 2.080 година би можела да биде уште еден начин за транспортирање.

Но, што ако патувањето низ времето и луѓето кои биле сведоци за тоа веќе постојат? Токму за тоа и зборуваат и овие историски списи и фотографии, кои важат за најубедливите докази за постоење на патници низ времето.

1. Хотел кој речиси исчезнал

Случајот за кој доста се пишувало во медиумите се случил во септември 1979 година. Тогаш два британски брачни парови се возеле низ Франција за да стигнат на летување во Шпанија. Тие луѓе, со стабилни работни места и без никакви невообичаени настани во дотогашниот живот, подоцна изјавиле дека преноќиле во интересен хотел кој бил уреден во ретро стил. Откако се вратиле од одмор, повторно посакале да го посетат тој хотел, но иако го барале со часови, никако не успеале да го пронајдат. Сите фотографии кои ги направиле за време на престојот во хотелот излегле потполно црни, дури и оние со негатива, додека сите други биле целосно нормални.

2. Пред своето време

Во виртуелниот музеј „Бралорне Пионер“, една од тамошните фотографии привлекла најголемо внимание. Мажот од фотографијата отскокнува со својот стил на облекување од останатите луѓе. Фотографијата е направена во 1940 година, а мажот носи фин џемпер и преносен фотоапарат, кој не бил достапен во тоа време. Коментаторите на фотографијата заклучиле дека ова е првпат да имаат доказ за „патник низ времето“, бидејќи не постоело ниту едно друго објаснување.

3. Од каде модерен часовник во запечатена гробница?

Мини рачен часовен со етикета, Swiss стар околу 100 години, бил пронајден во запечатена кинеска гробница стара 400 години. Часовникот покажувал 10.06 часот. Научниците се прилично сигурни дека часовникот во текот на поранешни ископување по некое чудо завршил во внатрешноста на гробницата Минг.

4. Жртви на несреќата

Кон средината на јуни 1950 година, човек во раните триесетти години облечен како да е од 19 век. Тој бил дезориентиран и збунет, а луѓето го пронашле на улица и го упатиле кон полицијата. Рекол дека се вика Рудолф Фенц, а со него била најдена сметка за грижа за коњ и перење на кочија, писмо од 1876 година, а целото тоа без никакви траги за стареење, односно како директно да допатувал од 1876 во 1950 година. Потрагата за неговиот идентитет резултирала со откритието дека станува збор за човек кој во 1876 година исчезнал без трага.

Но, наскоро тој загинал во сообраќајна несреќа, а целата мистерија никогаш не добила објаснување.

Погледнете го следново видео со повеќе вакви случаи:

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....