18:14 - 25 јуни, 2026

Играта која сите сте ја играле барем еднаш, денес слави 20-ти роденден!

THE SIMS, популарната RPG симулација на животот, излезена е на 31 јануари 2000 година. ЕА и Maxis објавија игра која концептуално се разликува од другите, бидејќи нема конкретна задача и цел која играчите треба да ја исполнат. Од друга страна, нуди бесконечно многу различни работи кои може да се направат, пишува Mirror.

Играчите можеа да ги натераат своите ликови да симулираат дневни животни активности.

Концептот во кој ги одложувате обврските од реалниот живот за да ги направите во играта, наиде на огромна популарност. Многумина се пронајдоа во оваа игра која многу брзо стана најпопуларна. Продадени се повеќе од 1,77 милиони копии на играта, а заработката изнесувала 72,9 милијарди долари само во 2000 година.

ЕА не дозволи играта да стагнира. За да ја одржи својата база на обожаватели, промовирани беа продолжение по продолжение, како и безброј експанзии и додатоци кои обожавателите ги задржуваа во играта.

Откако денес играта наполни 20 години, обожавателите ја искористија можноста да се навратат на играта и препуштат на омилените спомени.

„Симс има 20 години! Имав 5 години во 2000 година и знам дека јас и мојата сестра ја добивме играта многу брзо откако излезе. Две децении сум опседната со играта“, напишала на Твитер една обожавателка.

Безразлика на тоа дали се работи за новите игрички кои се откриваат низ Симс 4 или за ветераните кои низ играта ги живееле своите фантазии уште од почетокот на милениумот, најголемиот адут на Симс е тоа што има што да понуди за секој!

ЕА продолжува да ја ажурира Симс со нова содржина, со цел да ги задржи играчите. Неодамнешното ажурирање во играта ја додаде популарната интернет-икона бебето Јода, што ги воодушеви обожавателите на Дизни и Симс.

Слични објави

Корисни совети: Како да го исчистите загореното дно од тавите и упорните дамки на алиштата

Т.Ц.

Имате проблем да ја исчистите туш-кабината? Пробајте го овој едноставен совет

Т.Ц.

(Фото) Најоригинални даски за сецкање и сервирање – погледнете ја уникатната понуда на Wood Room

Еспресо

(Фото) Мебел што не излегува од мода – изберете квалитет од масивно дрво со Wood Room“

Еспресо

Затнат одвод? Наместо сода бикарбона и оцет, пробајте ја оваа природна комбинација

Т.Ц.

Villa Diva е новата омилена локација за свадби и евенти – резервирајте си термин навреме

Еспресо
Се вчитува....