6.8 C
Скопје
08:51 - 20 октомври, 2026

Викендот е пред вас, доста со сексот набрзина! Зачинете го со овие 3 работи!

Доста со сексот набрзина. Истражувањата покажуваат дека галењето после секс е неопходно со причина. Паровите кои се галат после сексуален однос се многу позадоволни од својот сексуален живот за разлика од оние кои после секс сами прават нешто друго.

Всушност, галењето после секс многу повеќе влијае на односот отколку самиот секс. Истражување спроведено на 670 испитаници, според кое научниците заклучиле дека луѓето кои после водење љубов останале во кревет заедно уште 15 минути и се галеле биле многу позадоволни од оние што имале само предигра и секс. Затоа, врз основа на ова истражување, ви препорачуваме:

1. Останете во кревет уште 15 минути. Наместо после секс да одите под туш или да продолжите со чистење на куќата, галете се со партнерот уште 15 минути. Така ќе бидете многу позадоволни од вашиот сексуален живот.

2. Изразете ги своите чувства. Не морате да си кажувате колку многу умирате од љубов, но после секс разговарајте за чувствата и убаво е да му кажете на партнерот дека го сакате. Секој сака да го чуе тоа, особено после секс.

3. Останете поврзани. Не само емоционално, туку и физички. Допирајте се со рацете, играјте со нејзината коса, галете го по грбот… Нема да верувате колку посреќни, поисполнети и позадоволни од сексуалниот живот ќе бидете.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....