16.8 C
Скопје
18:46 - 28 март, 2024

Вистинската Људмила од Чернобил проговори за серијата и рече дека е полна со лаги! (ВИДЕО)

Луѓето ширум светот во еден здив ја гледаа серијата „Чернобил“. Серијата која освои 3 Еми-награди, сите не потсети на хоророт од нуклеарната катастрофа која се случи во 1986 година во Украина, а вистинската Људмила од серијата сега одлучи да ја раскаже својата приказна.

Људмила Игнатенко, сопругата на пожарникарот Василиј кој починал како последица од радијацијата после гасењето на пожарот во електраната, за BBC вели дека никогаш не дала дозвола на HBO да ја раскаже нејзината приказна. Таа се присетила на последните моменти поминати со својот сопруг, но и како ѝ се јавиле од Москва да ѝ понудат пари после снимање на серијата само поради тоа што била жива.

„Кога дознав дека се снима серија за мене, се чувствував лошо и вознемирено“, раскажала Људмила и додала дека морала да се крие од новинари.

„Ме прогонуваа. Ми доаѓаа на врата. Имаше и онакви кои туркаа со ногата за да не можам да им затворам, трукајќи ја опремата за да ме снимат“, вели Људмила.

Последниот романтичен момент со сопругот

За време на несреќата на 26 април 1986 година, Људмила и Василиј биле во среќен брак и го чекале своето прво дете. Нивниот, како и животот на 10 илјади луѓе, се променил во рок од само неколку саати. Пет дена подоцна, Људмила седела покрај болничкиот кревет на својот сопруг кој буквално се распаѓал од радијацијата.

YouTube

Сепак, и во тие моменти се трудел да ѝ покаже колку ја сака.

„Кога го посетив, извади од под јастукот 3 каранфили. Тоа беше последното цвеќе кое ми го подари. До крајот на животот ќе се сеќавам како заедно стоевме покрај прозорот во таа болница. Не ни мислевме дека тоа ќе ни биде последниот романтичен момент“, рекла Људмила со солзи во очите, пренесува Telegraf.

Ја обвиниле дека свесно го убила детето

После емитувањето на серијата, Људмила морала да се соочи со духовите на минатото. Имало и онакви кои ја обвинувале дека свесно го убила своето дете.

„Некои ми велеа дека го убив своето дете, бидејќи сум седела во болницата покрај својот сопруг. Но, кажете ми, како можев тогаш да го напуштам? Мислев дека бебето е сигурно. Тогаш не знаевме ништо за радијацијата“, се присетила Људмила.

Нејзиното бебе починало 4 часа после пораѓајот.

Profimedia

Серијата полна со невистини

Људмила вели и дека во серијата биле прикажани сцени кои се невистините и дека и било многу тешко да ја гледа серијата.

„Прикажаа како стојам и ги држам чевлите од мојот сопруг на погребот. Да, вистина е дека го закопаа без чевли на нозете, но чевлите беа покрај него“, вели Људмила.

Таа додава и дека имало некои сцени кои навистина била разработени до најмалите детали.

„Да, вистина е дека сите беа така лесно облечени. Дури и навистина имав таков сив плетен џемпер“, раскажува Људмила.

Никогаш не дала дозвола

Вистинската Људмила Игнатенко тврди дека на HBO никогаш не дала дозвола да ја раскаже нејзината животна приказна. Тврди и дека со неа никогаш не се сретнале.

„Ми се јави некој од Москва и ми рече дека снимале серија во Летонија и Киев и дека се обиделе да ме добијат, но не успеале. Ми понудија 3,000 долари. Серијата тогаш веќе беше снимена. Ги прашав: Зошто би ми го платиле тоа?, а тие ми рекоа: Бидејќи постоите. Им реков дека никој не плаќа за такви работи и им ја спуштив слушалката“, рекла Игнатенко.

Таа вели и дека мислела станува збор за измама.

„Ме вознемири и тоа што повикот доаѓаше од Москва, а ние имаме напнати односи со Русија“, изјавила Игнатенко.

HBO има поинаква приказна

Компаниите HBO и Sky соопштиле дека за време на серијата често соработувале со Људмила и дека таа во ниту еден момент не рекла дека не сака во серијата да се раскаже приказната за неа и нејзиниот сопруг.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....