18:09 - 27 ноември, 2026

Имате проблем со постојано одложување на обврските? Еве како да престанете да го правите тоа!

Колку и да сакаме, без вистинската мотивација и подготвеност да ја оствариме целта, секогаш постои шанса да се откажеме.

За да бидеме сигурни дека ќе оствариме некоја цел, целта треба да биде паметно дизајнирана бидејќи со самото тоа знаеме колку може да очекуваме од себе и колку можеме да постигнеме.

Меѓутоа она без што речиси сигурно нема да можеме да оствариме било каква цел е добрата мотивација.

Мотивацијата се дефинира како степен во кој постојаниот напор се насочува во правец на остварување на целта. Неа ја зебележуваме како „движечка сила во нас“. Значи мотивацијата ја карактеризираме како сложена низа од двигатели кои се базирани на:

Како да го избегнете одложувањето на обврските?

Станете свесни за вашите потреби – што е она што на вас ви е важно, она во кое уживате или набило кој начин ви е значајно.

Поставете ги целите и обидете се да ги согледате последиците кои ќе доведат до остварувањеили неостварување на целите. Доколку наидете на некои потешкотии во поставувањето или реализацијата на целите, консултирајте се со некој, бидејќи понекогаш самите не сме доволно објективни и туѓото мислење може да биде од витално значење.

Не одложувајте, препознајте ги препреките, утврдете каде и поради што би можело да резултира со одложување на спроведувањето на целите и работата, со цел да ги надминете овие пречки.

Надградете се, подарете си себе си признание без оглед колку е тоа големо – купете си некоја ситница, почастете се со продолжен викенд или пофалете се себе си за остварениот успех

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....