27.3 C
Скопје
18:58 - 9 јули, 2026

СЕ ПРЕПОЗНАВТЕ ЛИ? Избрзани одлуки кои жените ги прават по раскинување

Сите знаеме дека нема совршена формула за преболување на раскинувањето, ниту за мажите, ниту за жените.

Исто така, наглата промена предизвикува да сакаме и самите да направиме некои измени во досегашниот начин на живот. Некои од тие одлуки се правилни и издржани, а некои се избрзани.

Вистина е дека не му е лесно ниту на оној кој раскинува, а уште помалку на оставениот.

Ова се најчестите брзоплети одлуки кои жените ги прават по раскинување:

Промена на косата

Постои теорија дека кога девојка или жена ќе направи нагла промена на фризурата, тогаш имало голем пресврт во нејзиниот живот. Но, дури и едноставно кратење или неколку прамени во различна боја би го имале тој обновувачки ефект, затоа не правете драстични промени кои може да не ви се допаднат.

Промени дома

Незадоволството од неуспешната врска може да се манифестира и со купување нов мебел, уметнички слики, нови собни цвеќиња…

Трошат пари на курсеви и тренинзи

Наеднаш почнуваат да се интересираат за настани кои дотогаш не ги ни помислувале, на пример изучување странски јазик, фитнес тренинзи, часови за готвење… Размислете колку тоа ви е навистина потребно.

Нови чевли

Најчесто се со високи потпетици и крајно неудобни и ќе фаќаат само простор и прашина.

Симнуваат нови апликации за запознавање и допишување

Не само тоа, туку и се допишуваат, излегуваат со некого со кого разговарале едвај два дена и се впуштаат во ризични сексуални односи за една вечер.

Секако, постојат и многу други начини да се преболи раскинувањето. Постојат и оние жени кои ги прескокнале сите горенаведени ризични фази и успешно се справиле со новонастанатата ситуација. Најважно е да ја најдете активноста или начинот кој најмалку ќе влијае врз вашиот паричник, но и врз достоинството, ако не пред другите, барем пред самите себе.

Слични објави

(Фото) Барате квалитетни клуб маси и трпезариски маси по пристапна цена? Посетете го салонот на Wood Room во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Villa Diva – елегантна оаза за свадби, прослави и настани за паметење

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

(Фото) Во Chantel ве чека совршениот пар чевли, посетете го салонот во ГТЦ и направете го вистинскиот избор

Еспресо

Совршениот свечен фустан за моменти што се паметат го пронајдовме во бутикот „Прагма“ во ГТЦ – проверете дали и вие ќе го пронајдете вашиот

Еспресо

Едноставни трикови за избор на најслатка лубеница

Т.Ц.
Се вчитува....