7.8 C
Скопје
00:39 - 29 март, 2024

Сакате сексуален однос на првиот состанок? Ви нудиме три совети!

Речиси сите девојки се прашуваат дали треба да имаат секс на првиот состанок. „Дали е во ред да го направам ова? Што ако веднаш потоа си замине? Што ако тоа ме прикаже во лошо светло?“

Овие и уште многу други прашања ги опседнуваат девојките кога станува збор за нивниот прв состанок со ново момче. Реално, нема ништо погрешно во тоа, доколку вие сметате дека е во ред. Погледнете ги овие причини кои ќе ви го потврдат тоа.

1. Не гледајте на сексот како да е натпревар

Сексот не е награда. Колку долго би чекале за да видите дали личноста ќе се задржи во вашиот живот за да го преземете овој чекор? Дури и откако ќе ја освоите, секогаш постои шанса таа личност да си замине од вас. Никој не сака да чека премногу долго, затоа што тоа ништо не ветува ниту гарантира. Секогаш ќе постојат лоши личности и луѓе кои ќе се обидат да ве искористат, но не треба да се чувствувате лошо поради тоа. Вие сте човечко суштество со сексуални потреби и сексот не треба секогаш да го поврзувате со емоциите. Понекогаш станува збор само за привлечност и тоа е сосема во ред.

2. Не треба да чувствувате вина

Повеќето девојки чувствуваат вина ако имаат секс на првиот состанок и мислат дека другите ќе ги доживеат на неубав начин. Но, повеќето мажи нема да ја навредат девојката која ќе го направи овој чекор. Вие треба да бидете сигурни во себе, да знаете дека го сакате тоа и да се доживувате себеси како божица која го има најголемиот дар на земјата.

3. Важно е да има привлечност помеѓу вас

Замислете го ова сценарио: Се состанувате со некоја личност неколку месеци и мислите дека доволно се познавате. Уживате да бидете еден со друг, па мислите дека дошло време да имате секс. Откако ќе го направите тоа, сфаќате дека ви било најлошото искуство во животот. Не значи дека ова секогаш ќе се случува, секако секој има различни потреби и желби. Но, важно е да сфатите дека не треба прекумерно да размислувате, па доколку сметате дека е во ред, нема ништо лошо во тоа да се одлучите за секс на првиот состанок. Престанете да се грижите дали таа личност ќе ви се јави или дали ќе ве смета за „лесна девојка“.

Слични објави

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо

Која е тајната на косата на Трамп: Бојадисување на негов начин, лекови и трансплатација

Еспресо
Се вчитува....