10.8 C
Скопје
08:24 - 28 април, 2024

Научниците од Оксфорд открија зошто коронавирусот брзо се ширеше во северна Италија

Повеќе од 63.000 луѓе во Италија се заразени со новиот коронавирус, а повеќе од 6 илјади починаа. Новото истражување на Универзитетот Оксфорд покажува дека причината за огромните размени на епидемијата се крие во тоа што поголемиот дел од населението го сочинуваат стари лица, кои често доаѓаат во контакт со младите, пренесува српски „Блиц“.

Во Италија често неколку генерации живеат под ист кров, што го „забрза“ ширењето на вирусот во руралните делови на Италија. Дваесет и два отсто од населението има 65 или повеќе години, а заразените од таа старосна категорија се изложени на поголема опасност од смрт. Италија го има најстарото население во Европа, а во светот по бројка на стари лица е втора земја по Јапонија.

Катастрофата можеби ја предизвикале младите луѓе од селските средини кои живеат во заедници со родителите и бабите и дедовците, но редовно патуваат во градовите, дали на работа или за дружење, пишува „Дејли меил“ повикувајќи се на оскфордската студија.

Второ истражување објавено оваа недела во списанието „Demographic science“ наведува на заклучокот дена 86 отсто од пациентите не знаат дека се во раната фаза на заразата, со што се зголемува ризикот од незабележително ширење на епидемијата.

Опасноста се крие во тоа што младите кои редовно заминуваат во градовите доаѓаат во контакт со голем број на лица, посетуваат места на кои има многу метеж и патуваат со превозни средства во кои исто така има многу луѓе. Со самото тоа полесно можат да се заразат со вирусот и да го прошират, а за тоа да не бидат свесни – или затоа што имаат само благи симптоми, или затоа што го пренеле пред и самите да се разболат.

Просечната старост во Италија е 46,5 години, што значи дека станува збор за петтата најстара популација на светот.

The post Научниците од Оксфорд открија зошто коронавирусот брзо се ширеше во северна Италија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....