18:05 - 27 ноември, 2026

Колку време мажот треба да „ИЗДРЖИ“ во сексот за да бидат задоволени двете страни?

Еден час? Половина час? 15 минути? Колку би требало сексот да трае, поточно колку мажот би требало да „издржи“ за односот да им донесе задоволство и на двете страни?

Дали времето воопшто треба да биде фактор за мерење на успешноста на сексуалниот однос? Науката се обидела да одговори на овие неколку прашања со цел да ни даде неколку бројки според кои би можеле да се водиме.

За поголемиот дел од мажите, сексот трае кратко. Според истражувањата, од моментот на пенетрација до оргазмот на мажите им се потребни помеѓу 4 и 7 минути, во најдобар случај 10 минути. Но, за жените ова време е прекратко. Експертите сметаат дека вистинската мерка за жените е помеѓу 7 и 13 минути. Според мислењето на сексуалните терапевти, 7 минути е во ред, додека 13 минути се крајниот посакуван резултат каде што и двете страни ќе бидат целосно задоволни.

За квалитетен сексуален однос, кој ги задоволува и двете страни, експертите советуваат:

1. Не ја игнорирајте предиграта – Повеќето жени сметаат дека предиграта би требало да трае многу подолго, додека мажите често ја игнорираат. Нежно потсетете го вашиот партнер дека и таа е важен дел од сексуалниот однос. Додека мажите се визуелни типови и допирот најчесто не им е потребен, жените сепак преферираат стимулација со допир која максимално ќе ги возбуди.

2. Разбудете ја вашата авантуристичка страна – Секој пар во својот сексуален живот треба да вложи што повеќе флексибилност и фантазија бидејќи на тој начин сексот ќе биде многу подобар и ќе трае многу подолго од просекот.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....