21.8 C
Скопје
16:23 - 28 март, 2024

Кој е ЏОКЕРОТ, поради кого плаче цел свет: Претешкиот живот на Хоакин Феникс

Хоаким Феникс е глумецот за кој деновиве зборува цел свет поради неговата маестрална глума во филмот „Џокер“. Филмот во киносалите предизвика неверојатни амплитуди на чувства – од солзи до громогласен аплауз и дефинитивно е феномен за кој ќе се зборува. Токму поради тоа сите очи се вперени во талентираниот Хоакин.

Неговиот живот го обележиле семејни трагедии, раснење во култ, трауми, злоставување…

Хоакин Феникс пораснал со родителите, браќата и сестрата во култот Божји деца, кој поттикнувал интимни односи меѓу возрасните и децата.

Кога неговите родители сфатиле дека култот всушност не се занимава со религиозни прашања туку исклучиво со интимни активности, го напуштиле култот и се преселиле на Флорида. Тогаш го смениле презимето во Феникс, со што родителите на Хоакин симболично сакале да му оддадат почит на својот нов живот.

Глумецот кој на кратко го сменил името во Лиф (Лист) и после тоа немал нормален живот зашто со братот Ривер (Река) и сестра му Реин (Дожд) морале да просат на улица. Немале ни за леб.

Сепак, набрзо на таа иста улица ги забележал агент за таленти и им договорил ангажмани во реклами и во серии. Публиката и критичарите одлично реагирале на филмот „Родител“ во кој глумел Хоакин и тој набрзо бил прогласен за детска ѕвезда.

Неговиот брат исто така се прославил глумејќи го младиот Индијана Џонс во филмскиот хит. Тој во тоа време бил поголема ѕвезда од Хоакин, а освен со глумата се посветил и на музиката. Во 1993 година настапувал во злогласниот ноќен клуб “The Viper Room” во западниот дел на Холивуд.

Хоакин и сестра му Рејн биле таму, но никој не знаел дека на Ривер, кој бил познат како „веганскиот Џејмс Дин“ му дале пијалак од мешавина на дроги. Во раните утрински часови Ривер поради предозираноста и паднал на улица, имал грчеви кои траеле пет минути и потоа починал.

Додека Рејн се обидувала да го оживее Ривер, Хоакин имал разговор со операторите во Брзата помош, а тој разговор подоцна се појавил во јавност.

Instagram

„Има напади, дојдете ваму, ве молам. Мора да дојдете, ве молам, тој умира. Ве молам“, зборувал глумецот.

По смртта на брат му, Феникс набрзо се повлекол од јавноста, а и денес одбива да зборува за таа трагедија.

Љубовен живот

Феникс важи за повлечен и тивок човек, а моментно живее со неговата девојка Руни Мара. Неговиот круг на пријатели е многу мал и Хоакин е еден од оние луѓе кои својата приватност ја држат надвор од очите на јавноста.

Го избегнува типичниот холивудски начин на живот, не оди на забавите што ги приредуваат ѕвездите, ни во отмени ресторани, веган е кој јаде исклучиво овошје и зеленчук од својата градина.

Hoakim Finiks i Runi Mara
Profimedia

Џокер – поради улогата ослабел 52 килограми

За да ја одигра главната улога во филмот „Џокер“ Хоакин Феникс морал да помине низ драматична трансформација. Изгубил 52 килограми пред снимањето.

„Мислам дека ова ќе биде многу интересен филм и дека ќе им се допадне на фановите зашто ќе можат да видат што е потребно да му се случи на човек за да се претвори во синоним на зло, каков што е Џокер“, рекол глумецот пред премиерата.

Слични објави

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо

Која е тајната на косата на Трамп: Бојадисување на негов начин, лекови и трансплатација

Еспресо
Се вчитува....