21:06 - 9 ноември, 2026

Истражување: Канабисот го зголемува сексуалното задоволство кај жените

Жените кои користеле канабис непосредно пред секс имале зголемено либидо и подобри оргазми, покажа неодамна спроведено истражување, објавено во списанието „Секшуал Медесин“.

Студијата покажала дека жените кои користеле марихуана пред секс, двојно повеќе имале интензивни оргазми во однос на оние кои не користеле канабис. Исто така, жените кои редовно земаат марихуана имаат двојно поголема шанса за подобар оргазам во однос на оние кои само повремено користат.

Со студијата биле опфатени 373 жени во медицинскиот центар во Сент Луис. Вкупно 127 жени или 34 отсто пријавиле дека користеле марихуана пред сексуалните активности. Сепак, истражувачите посочуваат дека се уште не е спроведен адекватен број истражувања кои би го разгледувале влијанието на марихуаната на сексуалното здравје и покрај фактот што канабисот дејствува на канабиноидниот рецептор во мозокот кој непосредно е поврзан со сексуалната функција.

Студијата, спроведена под водство на доктор Беки Лин од Медицинскиот факултет во Сент Луис, се фокусирала на врската меѓу канабисот и задоволството на жената од нивниот сексуален живот, сексуален нагон, оргазми и болка за време на односите. Вкупно 197 жени опфатени со студијата, или 52 отсто, воопшто не користеле канабис. Преостанатите 49 жени или 13 отсто, користеле марихуана, но не го направиле тоа пред секс.

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.
Се вчитува....