8.8 C
Скопје
23:09 - 25 април, 2024

Кој хороскопски знак ви одговара најмногу за да започнете квалитетна љубовна врска?

Знаете ли со кого треба да склопите брак, или пак кој е добар кандидат за успешна врска. Накратко, еве што кажува хороскопот за тоа кој хороскопски знак најмногу ви одговара за совршена врска.

Овен

Ќе имате одличен однос со Лавот, бидејќи тоа е знак со кој сте емоционално компатибилни. Лавот ќе ви помага во сè, ќе ви биде подеднакво добар пријател, партнер и љубовник.

Бик

Девицата е знак со кој веднаш ќе се почувствувате дека сте на иста бранова должина. Ќе имате за што да разговарате и во ниеден момент нема да ви биде здодевно.

Близнаци

Вагата е вашиот идеален партнер. Ќе водите долги разговори, ќе имате слична смисла за хумор и често ќе се смеете. Ќе биде стимулирачка врска во која ќе има многу разбирање, но и привлечност.

Фото: Пиксабеј

Рак

Со Скорпијата ќе се сложувате одлично. Ќе имате интуитивен однос, па вашите погледи често ќе ви кажуваат повеќе од зборовите. На обајцата ви треба чувство на сигурност, која ќе си ја пружате во голема количина.

Лав

За вас идеален партнер е Стрелецот. Ќе ве воодушеви неговата незапирлива и авантуристичка природа, а ќе ви годат и неговите комплименти и заштитата која ќе ви ја пружа.

Девица

Со Јарецот ќе имате содржаен однос во кој ќе има многу поддршка и разбирање. Двајцата сте романтични и нежни, па постојано ќе си искажувате љубов и наклонетост.

Фото: Пиксабеј

Вага

Со Водолијата ќе остварите интересен однос во кој ќе има многу возбуда. Двајцата сакате предизвици и патувања, па ќе уживате заедно во животот со полни гради.

Скорпија

Со Риби ќе имате однос базиран на многу чувства, романтика и нежности. Ќе се дополнувате и поддржувате во сè. Рибата ќе знае да ви угоди во сè, што и тоа како ќе ви годи.

Стрелец

Со Лавот ќе имате врска во која ќе има многу динамика, токму како што и двајцата сакате. Лавот кон вас ќе се однесува заштитнички, што вам силно ќе ви годи.

Фото: Пиксабеј

Јарец

Со Бикот ќе имате стабилна и сигурна врска. Двајцата сте сериозни и практични, што е предуслов да си бидете верни еден на друг. Со заеднички сили можете многу нешта да направите.

Водолија

Со Близнаци ќе имате доволно возбудлив и поттикнувачки однос во кој нема да има досада. Имате слични животни ставови и добро се надополнувате. Двајцата сакате друштво и излегување.

Риби

Со ракот лесно ќе постигнувате компромиси и договори, па ретко ќе се карате. Врската ќе ви биде полна со меѓусебно почитување и разбирање, а романтиката нема да недостасува.

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо

Крајот на април ќе израдува три хороскопски знаци: Еве кои се среќниците

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо
Се вчитува....