13:47 - 9 ноември, 2026

ФОТО: Велат дека никогаш не ја виделе посреќна – Меланија со нетрпение чека да замине од Белата куќа

Promedia

За разлика од својот сопруг Доналд, коj не може да ја прежали загубата на претседателските избори во Америка, изгледа дека Меланија не ја дели истата тага.

Како што пренесуваат странските медиуми, а и многумина го забележаа, дамата која ретко се смее во последно време не ја трга насмевката од лицето.

Фото: Профимедиа

Изворите блиски до Трамп истакнуваат дека Меланија е обземена со подготвувањето за преселбата, а нивниот нов дом по Белата куќа ќе биде имотот на Палм Бич на Флорида.

„Таа сака само да замине дома“, откри извор за CNN.

Меланија веќе подолго време се распрашува за локалните училишта таму за нејзиниот син Барон, а селидбата веќе започнала. Исто така, во тек е и реновирањето на нивната вила „Mar-a-Lago“. На нив таму нема многу да и недостасува пространството од Белата куќа, бидејќи овој имот на Флорида има само 4 простории помалку.

Фото: Профимедиа

Сепак таа до официјалната селидба ќе мора да почека, но не многу долго, односно до денот на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден која ќе се одржи на 20-ти јануари, а дотогаш ќе мора да ги извршува сите должности на првата дама.

Освен тоа, иднината на Меланија не е неизвесна. Како што пишуваат медиумите, таа размислува да започне да пишува книги.

Фото: Профимедиа

Освен тоа, ќе продолжи со работата на својата кампања која се занимава со потенцијалното онлајн злоставување, но потенцијално ќе отвори и фонд кој е наменет за првите дами и кој би и ги покривал сите трошоци од нејзиното понатамошно работење и делување.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....