6.8 C
Скопје
08:23 - 20 октомври, 2026

Научете еден од овие 10 јазици, доколку сакате да освоите многу срца!

Unsplash

Најатрактивен е јазикот што прави нашето срце да чука побрзо. Истражувачите направија список со десетте најатрактивни јазици во светот, а италијанскиот јазик го зазеде првото место, како што се очекуваше.

Не е голема тајна дека начинот на зборување и артикулација може да биде еден од клучните фактори на привлечност. Другите јазици и акценти, различни од оние што ги користиме, можат лесно да нè привлечат кај некого.

Unsplash
Unsplash

Истражувачите од платформата за е-учење „Preply“ беа заинтересирани за кој светски јазик е најатрактивен. Тие собраа десет доброволци, ги поврзаа на уред ги следи отчукувањата на срцето и започнаа со флертувачки разговори на различни јазици во светот. Тие следеа што се случуваше со отчукувањата на срцето.

Тие заклучија дека најатрактивниот јазик е оној што прави нашето срце да чука најбрзо. Тие направија список со 10-те најатрактивни јазици во светот, а првото место, како што се очекуваше, го зазема италијанскиот, пренесува bestlifeonline.com.

Unsplash
Unsplash

Ова е топ листата на најатрактивни јазици во светот:

Италијански – срцевиот ритам се зголеми од 65 отчукувања во минута на 80.

Португалски – отчукувањата на срцето се зголемија од 65 отчукувања во минута на 78.

Француски – отчукувањата на срцето се зголемија од 65 отчукувања во минута на 77.

Руски – срцевиот ритам се зголеми од 65 во минута на 77.

Грчки – срцевиот ритам се зголеми од 65 отчукувања во минута на 77.

Шпански – срцевиот ритам се зголеми од 65 отчукувања во минута на 77.

Полски – отчукувањата на срцето се зголемија од 65 отчукувања во минута на 76.

Кинески – отчукувањата на срцето се зголемија од 65 отчукувања во минута на 76.

Корејски – срцевиот ритам се зголеми од 65 отчукувања во минута на 76.

Хинди – срцевиот ритам се зголеми од 65 отчукувања во минута на 75.

Unsplash
Unsplash

Ирскиот акцент беше прогласен за најсекси

Англискиот јазик со остар ирски акцент минатата година беше прогласен за најсекси јазик во светот, а оние што имаа можност да го слушаат во живо не се изненадени. Италијанскиот го зазеде второто место, а шкотскиот акцент беше трет.

Интернет – платформата за истражување – оnepoll.com праша 5000 мажи и жени кој акцент им остава најдобар впечаток и им буди „пеперутки во стомакот“.

Повеќето избраа без многу размислување – ирски. Жените веднаш се сетија на актерот Колин Фарел кој не би бил толку интересен и привлечен без тој акцент, рекоа тие.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....