13:50 - 28 ноември, 2026

Една од „поскапите“ фотки: Средбата на Шварценегер и Џеки Чен го запали интернетот (ФОТО)

За само еден ден собраа повеќе од милион лајкови и море од коментари на Инстаграм.

Арнолд Шварценегер ги запали социјалните мрежи со само еден потег, односно откако на Инстаграм објави заедничка фотографија со легендарниот колега Џеки Чен.

Судејќи според насмевките на фотографијата, нивната средба беше повеќе од срдечна, за што сведочи и коментарот кој популарниот Шварци го објави на својот профил.

– Фантастично е што наидов на својот стар другар и херој Џеки Чек кога се вратив од светската турнеја за филмот „Terminator: Dark Fate“. Легенда и инспирација, напиша Шварценегер во описот на фотографијата на Инстаграм.

Фотографијата за само еден ден собра повеќе од милион лајкови и море од коментари.

Истата фотографија ја објави и Џеки Чен, со сличен коментар.

– Многу сум среќен што наидов на својот стар пријател и легенда Арнолд Шварценегер, напиша Чен.

Инаку, Арнолд Шварценегер и Џеки Чен заедно глумеа во филмот „Пат околу светот за 80 дена“ од 2004 година.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо
Се вчитува....