18.8 C
Скопје
02:30 - 27 јули, 2024

БЕЛАТА КУЌА ЧУВА ГОЛЕМИ ТАЈНИ: Била градена од робови, главниот архитект бил Ирец и не требало да биде во бела боја!

белата куќа

Тешко е да се замисли дека Белата куќа, официјалнатa резиденција на американските претседатели, не била отсекогаш бела.

Имено, републиканецот Теодор Рузвелт, кој живеел во неа од 1901 до 1909 година, го дал името што е вообичаено и денес. Тој официјално го направил тоа на 12 октомври 1901 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The White House (@whitehouse)

Пред тоа, биле користени имиња како Претседателска куќа, Претседателски замок и Извршен замок.

Мора да се признае, првиот претседател што ја нарекол така, човекот што го измислил името, бил Џон Адамс, вториот американски претседател (1797-1801). Овој прекар започнал да се појавува во весниците во почетокот на 19 век, но дури Рузвелт официјално ја прогласил претседателската куќа за Бела куќа.

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ЏИЛ БАЈДЕН ЈА УКРАСИ БЕЛАТА КУЌА СО 10.000 УКРАСИ И 41 ЕЛКА: На една се наоѓаат интересни фотографии

Се вселил, а сè уште не била завршена до крај

Градена е од 1792 до 1800 година и нејзиниот прв станар бил токму претседателот Адамс, така што првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој лично ја избрал локацијата, никогаш не живеел во неа.

Во времето на вселување на Адамс, малтерот на sидовите сè уште беше влажен, а просториите биле речиси празни. Но, тој по секоја цена сакал да стане првиот претседател што живеел во резиденцијата.

Белата куќа никогаш не била замислена да биде во бела боја од нејзиниот архитект, Ирецот Џејмс Хобан. Работниците ја обоиле во бело за да спречат оштетување и редовно ја одржуваа фасадата, за Белата куќа секогаш да изгледа „свежо“.

Изградбата чинела 232.000 долари во тоа време, што е околу 4 милиони долари денес. Многу робови и Европејци кои сè уште немале американско државјанство биле вработени во изградбата.

Белата куќа има 132 соби, 412 врати, 147 прозорци, а интересно е што проточна вода и првите бањи биле воведени дури во 1833 година, во делот што бил наменет за канцелариите и работата на претседателот. Приватните соби на претседателот добиле проточна вода две децении подоцна.

Кога наследникот на Адамс, Томас Џеферсон се вселил во Белата куќа, тој бил малку изненаден од големината на резиденцијата. Тој во тоа време изјавил дека е „доволно голема за двајца цареви, еден папа и голема лама“.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....