7.8 C
Скопје
00:10 - 7 октомври, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ЏИЛ БАЈДЕН ЈА УКРАСИ БЕЛАТА КУЌА СО 10.000 УКРАСИ И 41 ЕЛКА: На една се наоѓаат интересни фотографии

Првата дама на САД Џил Бајден откри како ја украсила Белата куќа за божиќните и новогодишните празници.

Во ходниците и просториите на Белата куќа се наоѓаат бројни новогодишни елки, украсени со мотиви кои потсетуваат на најрадосниот празник во годината.

Темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „Подароци од срце“.

Првата дама на својот официјален профил на Твитер објави фотографија од официјалната елка на Белата куќа, која се наоѓа во Сината соба.

Фото: EPA-EFE-JIM-LO-SCALZO

– Инспирирани од делата на добрина и искуства кои ни го кренаа расположението оваа година, украсените простории во Белата куќа ги одразуваат Подароците од срце кои не обединуваат сите: вера, семејство, пријателство, уметност, учење, природа, благодарност, услуга, заедница, мир и единство – напишала Џил Бајден.

Бела куќа/Фото/EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Меѓу украсите е и џиновската Бела куќа од медењаци, која им оддава почит на работниците од првата линија кои истрајаа низ пандемијата на коронавирусот, додека официјалната елка висока 5,5 метри ги слави даровите на мирот и единството, соопштила Белата куќа.

Фото: EPA-EFE-JIM-LO-SCALZO2

Додека семејството Бајден го прославуваше Денот на благодарноста во Масачусетс, повеќе од 100 волонтери го започнале украсувањето на вилата, вклучително и Овалната канцеларија, со 41 новогодишна елка, речиси два метри лента и повеќе од 10.000 украси, пренесува АП.

Фото: EPA-EFE-JIM-LO-SCALZO3

Северната и јужната страна на зградата се украсени со 25 венци, а речиси 79.000 светилки ги осветлуваат новогодишните елки, венчињата и други празнични украси.

На една од елките се наоѓа необичен и интересен украс.

Како што може да се види на фотографиите, елката е украсена со фотографии од претходните „жители“ на Белата куќа, па така покрај фотографиите на Џо и Џил Бајден, на елката се наоѓаат фотографии од Барак и Мишел Обама, Доналд и Меланија Трамп, како и Џеки и Џон Кенеди.

фото: епа-ефе
фото: епа-ефе

извор: Слободен Печат

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....