0.8 C
Скопје
06:44 - 27 октомври, 2026

ИСКРЕНО СО ВИКТОР ТОШЕВСКИ: Слепилото не е пречка за да свирам и компонирам музика 

Виктор Тошевски е роден слеп, но има беспрекорно голем музички талент, со неговиот слух, може да отсвири се што ќе слушне. Можеби не чекори безбедно по градскиот асфалт и за него бројни се проблемите од секојденвието, но затоа со виртуозното свирење на пијано и ударни инструменти се искачува на врвот од уметничкит свет.

фото – приватна архива

– Уште од најмала возраст ја засакав музиката, од кога паметам за себе. Прво пројавив желба за ударни инструменти, многу ги сакав, бидејќи обрнував внимание на ритам, имав чувство и за мелодија и за хармонија – вели Виктор.

Виктор е роден слеп, но тоа не го спречило да ја негува и изучува музиката.

– Слепилото не ми е пречка да ја сакам и свирам музиката. Нема никаква пречка за јас технички да научам да интерпретирам. Може да се научи да се свири било кој инструмент – објаснува тој.

Учењето на нотите и партитурите Виктор, наместо со видот, го заменил со користење на слухот.

– Јас на памет ги учам композициите, такт по такт ги пробувам, на пример ако зворуваме за пијано, пробувам прво со десната рака, па со левата рака, на крај ги спојувам и ги учам на памет – ни рече Виктор.

Виктор од самиот почеток, своето образование го посветил на музиката.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

– Прво учев во нижо музичко, таму почнав со ударни инструменти, потоа продолжив и во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Таму се определив за теоретски смер, главен предмет ми беше музичка теорија. Денес сум студент на Европа Прима, студирам музичка композиција.

Има 22 години, сака да компонира музика, неможе да одбере омилен композитор, но знае дека додека дише ќе ја сака и свири музиката. Во иднина се гледа како признат композитор.

– Сакам да свирам разни композиции. Тешко ми е да одберам еден композитор или композиција, има совршени дела. Немам се уште завршено мое дело – вели.

Виктор пеел и во хорот на „Златно славејче“, а и двапати настапил на фестивалот како пејач.

– На музиката посветувам многу време и внимание. Од мал па до ден денес. Треба да се вложи многу труд и да се вежба многу. Не е едноставно, но на крај вреди многу. Не постои никаква пречка, само треба да се оди напред и да се има желба и упорност. Животот секогаш носи предизвици, само напред и се ќе се надмине – за крај нè советува Виктор.

 

 

 

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....