2.8 C
Скопје
04:20 - 19 април, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 25 ЈАНУАРИ: Биковите вљубени, Близнаците нервозни, а Девиците ќе ги прати среќа!

дневен хороскоп

Овен

Соработувајте со другиот Овен бидејќи единствено тој може енергично да ве испрати. Вашиот партнер има преголеми барања или можеби сака да потроши повеќе отколку што очекувавте. Вие не сте некој што поддржува такво однесување. Парите ви се важни во текот на неделата, но, за вложување во некои мали проекти.

НЕДЕЛЕН ПАРИЧЕН ХОРОСКОП (24 до 30 ЈАНУАРИ): Од Скорпијата се бара креативност, Водолиите помалку да лажат, а Раковите се трансформираат…

Бик

Ја сакате љубовта и љубовта ве сака вас. Ако сте во брак или во врска, би сакале повеќе да се забавувате во врската со саканата личност, не сакате да влезе во монотонија и рутина. На професионално поле, важно е внимателно да ги прочитате договорите што ги потпишувате, бидејќи од нив ќе зависи натамошниот тек на работата.

Близнаци

На емотивно поле, имате големи барања од саканата личност. Обидете се да се стабилизирате. Нервозата често ја истурате на партнерот, без причина. Здравје: Освен мала нервоза, ништо посериозно. На деловно поле, размислете со кого работите и кого поддржувате. Веројатно ќе има некои грешки кои досега не сте ги виделе.

Рак

Ако сте во врска, партнерот се оддалечува од вас поради вашите ставови. Ќе бидете збунети, бидејќи ништо нема да ви изгледа дека е во ред. Тоа би можело да се случи ако одеднаш се најдете пред некој избор, а не знаете што да одберете. Сите избори ви делуваат разумно, но се плашите дека ќе пропуштите нешто големо ако се одлучите за нешто друго.

Лав

Бидете помалку горди, а на сметка на тоа, барајте повеќе, за полесно да поминувате низ животот. Секогаш имате добри идеи. На емотивно поле, ако сте во врска, денес нема да бидете расположени за никакво зближување во текот на денот, бидејќи сакате да имате лична слобода. Соопштете му го тоа на убав начин на партнерот, за да не се навреди.

ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ФЕВРУАРИ 2022: Нè очекува прекрасен тек на енергија по Ретроградниот Меркур

Девица

Среќата ќе биде вашиот најголем пријател денес. На животот ќе гледате со поголема позитивност и ќе верувате дека соништата ќе ви станат реалност. Вашето добро расположение ќе влијае и на колегите и со тимска работа ќе постигнете големи успеси. Партнерот ви подготвува некое изненадување, па дадете му малку време без постојани притисоци.

Вага

Една Водолија врши притисок врз вас и работата што ја работите. Покажете го вистинското лице. На емотивно поле, добро се чувствувате и имате поддршка од партнерот. Оние кои се слободни, навистина понекогаш немаат реален критериум за тоа што сакаат во животот. Здравје: Веројатно проблем поврзан со вените и венската циркулација.

Скорпија

Ништо нема да ви недостасува на љубовен план. Ако сте сингл, заведете го оној што долго време ви го привлекува погледот. Верувајте во себе! На професионално поле можете да очекувате солидна атмосфера и добар ден за работа. Ќе бидете корисни и генерално задоволни од својот биланс. Понекогаш е добро да преземете иницијатива, но и ризик.

Стрелец

Очекувајте многу добра љубовна атмосфера и добро сложување со партнерот. Ќе бидете заштитнички поставени кон него и работите драстично ќе се подобрат. Ќе имате одлично влијание врз луѓето околу вас кои постојано ја трошат енергијата карајќи се меѓусебе. Имате разбирање за приватните проблеми на колегите и тие ви се благодарни.

Јарец

Соберете колку што е можно повеќе истомисленици на едно место и заедно започнете проект кој ќе донесе промени во вашата фирма. Вие бидете промената која сакате да ја видите околу себе. Ќе се охрабрите да направите нови почетоци. Слободно претставете ги вашите нови идеи и предлози, ќе бидат прифатени од другите.

Водолија

Денес ќе ви годи побавно темпо затоа што одмор ви е неопходен. Претерано сте се оптовариле со работните обврски. Во љубовта ви се случува често да имате негативен однос, и тоа може да ви направи проблеми. Понекогаш партнерот претерува, но и вие имате удел во тоа. Размислете да го смените вашиот однос.

Риби

Денес неопходно е да останете доволно фокусирани на работните цели кои сте ги зацртале. Не отстапувајте пред притисоците. Во љубовта сосема неочекувано се случува едно ново познанство со личност која во вас буди силни чувства. Отворете го своето срце, ќе доживеете убави моменти. Нема да бидете емотивно повредени.

 

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....