11:56 - 29 ноември, 2026

БОЛКИ ВО ГРЛОТО ПРЕДИЗВИКАНИ ОД КОВИД: Најважно е навремено да ги препознаете и да се изолирате

Основните симптоми за коронавирус се висока температура и сува, упорна кашлица, тврдат експерти. Сепак, можете да бидете во ризик од коронавирусот доколку чувствувате и болки во грлото.

Фото: Unsplash

„Болното грло е една од раните, благи симптоми за коронавирус“ – предупредува докторката Кетрин Херен од клиниката „DoctorLink’s“.

Иако болката во грлото е чест симптом за настинка и обично нема потреба за грижи, сепак заболените од коронавирусот се почесто ја пријавуваат болката во грлото како симптом на инфекцијата.

Ако одеднаш развиете симптом на болно грло најдобро е да се изолирате на 14 дена за да спречите можност од ширење на инфекцијата на други лица.

Сепак, воспаленото грло има поширок спектар на симптоми од самото чувство на болка.

Црвенило во грлото, непријатен здив, оштетени жлезди на вратот, се само некои од пропратните симптоми на болно грло.

Како и кај останатите благи симптоми од коронавирус, така и болките во грлото не доѓаат сами, па важно е да не паничите доколку чувствувате и главоболка.

„Вообичаени симптоми на коронавирус се слабост, температура, кашлица, главоболка, па и болно грло“ – вели докторката Херен и истакна дека овие симптоми обично одат заедно, а не самостојно.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....