22.8 C
Скопје
20:52 - 31 мај, 2026

(РЕЦЕПТ) ОМИЛЕНОТО ЈАДЕЊЕ НА ВОЛТ ДИЗНИ: Семеен рецепт за чили кој потекнува од 1958 година

Неколку верзии на личниот рецепт на Волт Дизни за чили (густа чорба од телешко месои грав) може да се најдат во архивите на компанијата „Волт Дизни“. Првиот рецепт датира од околу 1958 година.

Низ годините, готвачите во кафулето „Каранфил“ во паркот Дизниленд го рафинирале рецептот за гостите во луна паркот . Нивната верзија има малку повеќе зачини од оригиналниот рецепт од Волт, за суптилна, зачинета сензација.

Послужете го со крекери, баш како што го јадел и Волт Дизни!

СОС ОД ДОМАТИ ПО РЕЦЕПТ НА ПАВАРОТИ: Оперскиот пејач беше и гастро мајстор!

Потребни состојки:

  • 1/4 чаша маслиново масло, поделено
  • 350 гр говедско месо за чорба
  • 1 мал кромид, исечкан на коцки
  • 1 средна зелена пиперка, исечкана на коцки
  • 4 чешниња лук, мелено
  • 450 гр мелено говедско месо
  • 1 лажица мелен ким
  • 1 1/2 лажици чили во прав
  • 1 лажица кромид во прав
  • 3 супени лажици доматна паста
  • 2 домати, исечени на коцки
  • 1 конзерва домати
  • коцка говедски бујон
  • 1 1/2 чаши вода
  • 400 гр конзерва грав, исплакнат и исцеден
  • сол, по вкус

За сервирање:

  • 1/2 чаша павлака
  • 130 гр рендан кашкавал
  • 2 домати исечени на коцки, за украс

Подготовка:

–  Загрејте 2 лажици масло во големо тенџере, на средна тоемпература 5 минути. Додадете го месото за чорба и пржете 10 минути, додека месото не се зарумени од сите страни. Извадете го месото од тавата и оставете го на страна.

–  Додадете ги преостанатите 2 лажици масло во тавата и загрејте 3 минути на средна температура. Додадете кромид и зелена пиперка. Пржете 8-10 минути, додека не омекнат. Додадете лук и пржете уште една минута, додека лукот не стане миризлив. Додадете мелено говедско месо. Гответе, повремено мешајќи, 10-12 минути, додека говедското месо повеќе не е розово. Исцедете го вишокот маснотии.

– Вратете го месото за чорба во тенџерето со смесата од мелено говедско месо. Додадете мелен ким, чили во прав, кромид во прав, доматна паста, домати исечени на коцки, говедски бујон – коцка(раскршете ја) и вода.

– Оставете го чилито да зоврие. Покријте и оставете да се крчка на тивок оган 3 часа, додека месото не омекне. Додадете грав и динстајте 10 минути додека гравот не се загрее. Зачинете со сол, по потреба.

– Послужете со павлака, рендан кашкавал и домати исечкани на коцки.

Добар апетит!

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ЛУИЗИЈАНА: Пралини од орев со вкус на домашна карамела!

Слични објави

Гога Секулиќ завршила во гипс – пејачката доживеала незгода пред настап, еве како се чувствува

Еспресо

Уникатните декорации на „Magic moments“ ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Здравата но монотона исхрана е навика која може да му наштети на дигестивниот систем

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ги пакува куферите и заминува со партнерот и бебето: „Доживеа многу стрес“

Еспресо

Неда Украден сака да учествува на Евровизија: „Сакам добра песна, а не да ја испеам еднаш и никогаш повеќе“

Еспресо

„Има малку повеќе од 26 години“: Дара Бубамара отворено за врската со помлад дечко, спомена и свадба

Еспресо
Се вчитува....