04:29 - 9 ноември, 2026

СОС ОД ДОМАТИ ПО РЕЦЕПТ НА ПАВАРОТИ: Оперскиот пејач беше и гастро мајстор!

Лучијано Павароти беше познат мералкија!

Тој сакал лично да учествува во подготовката на храната без разлика дали гоштева сам или е во една од неговите различни резиденции со пријателите. Тој му рекол на Кристофер Метјуз во јули 2002 година во изданието на Reader’s Digest: „Добро ја познавам кујната. Специјализирам за тестенини. Знаете ли кое јадење е најтешко за правење? Шпагети со сос од домати и босилек. Наједноставниот работите често се најтешки за правење“.

ПАВАРОТИ: Пет животни лекции од големиот Тенор

Сос од домати и босилек

Потребни состојки за 2 литри сос:

  • околу 2 кг домати, подварени, излупени и исечени на коцки
  • 1 чаша сецкан кромид
  • 3 сецкани чешниња лук
  • 150 мл црвено вино
  • 75 мл црвен вински оцет
  • 1/2 чаша сечкан босилек
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 кафена лажичка шеќер
  • 156 мл доматна паста

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mat.verkstan

Подготовка:

Сите состојки соединете ги во тенџере со дебело дно. Оставете да зоврие на силен оган. Намалете ја топлината и оставете да се динста околу 40 минути со редовно мешање. Во меѓувреме, измијте ги и стерилизирајте ги вашите стаклени тегли. Истурете го сосот во теглите до еден сантиметар одозгора. Затворете ги теглите. Ставете ги теглите во големо тенџере со врела вода. Додадете вода, така што теглите се покриени со 3 см вода. Покријте го садот и доведете ја водата уште еднаш да зоврие. Задржете ја водата да врие уште 35 минути (40, ако користите тегли од 1 литар). Извадете ги теглите од тенџерето. Оставете да се излади 24 часа. Проверете ги капачињата (треба да се искривуваат навнатре), Обележете ги теглите и ставете ги на ладно, слабо осветлено место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luciano Pavarotti (@lucianopavarotti)

(РЕЦЕПТ) ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ИТАЛИЈА: Салтимбока – експлозија од вкусови кои „скокаат“ во уста!

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....