19.8 C
Скопје
16:36 - 26 април, 2024

Пита со шунка без кори: Оброк кој засекогаш ќе го запаметите (РЕЦЕПТ)

Направете ја питата на овој начин и уживајте во вкусниот оброк со своето семејство.

Состојки:

– 3 јајца
– 200 мл јогурт
– 170 грама брашно
– 1/2 прашок за печиво
– 150 грама шунка
– 50 грама кисели краставички
– 50 мл масло
– рузмарин
– мајчина душичка

Подготовка:

– Изматете ги јајцата, додадете брашно со прашок за печиво, јогурт, масло и ситно исецкана шунка и краставички.
– Додадете рузмарин и мајчина душичка.
– Можете да додадете и малку сол или да посолите со крупна сол.
– Тестото добро изедначете го, а плехот обложете го со хартија за печење.
– Излијте ја смесата во плехот, израмнете и по желба посипете со семки одозгора.
– Печете на 200 целзиусови степени 45 минути.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....