23:02 - 18 август, 2026

Зимски десерт со јаболка и чоколада

Состојки:

5 јаболка со средна големина
100 гр шеќер
50 гр ореви
3 јајца
2 лажици гриз
2 лажици брашно
10 гр цимет
1 прашок за печиво
100 мл јогурт
100 гр чоколада
10 гр какао

Подготовка:
Во тепсијата ставете хартија за печење. Потоа, излупете ги јаболката, исчистете ги и издлабете ги во средината. Ставете ги вака подготвените јаболка да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 20 минути или додека не омекнат. Потоа извадете ги од рерна.

Додека чекате печените јаболка да се изладат, во подлабок сад изматете ги јајцата заедно со шеќерот.

Матете додека не добиете цврста пена. Откако јајцата и шеќерот убаво ќе ги изматите, во нив додадете ги маслото, какаото, јогуртот, гризот, оревите и брашното кое претходно сте го измешале со прашакот за печиво. Внимателно мешајте за да не ви останат грутки брашно во тестото.

Вака подготвената смеса, истурете ја врз претходно печените јаболка и ставете ги заедно да се печат околу 45 минути на температура од 150 степени целзиусови.

Откако колачот ќе биде готов, извадете го од рерна и оставете го да се излади.

Слични објави

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо

Пудингот од бајат леб е стар англиски десерт што повторно освојува: со боровинки и бело чоколадо станува неодолив летен десерт

Т.Ц.
Се вчитува....