13:12 - 7 ноември, 2026

ВИДЕО: Евтини колачиња со џем – Брзи, посни, едноставни, а превкусни!

Едноставно се подготвуваат, а можат долго да стојат…

Потребни состојки:

200 мл. млака вода
150 мл. масло
10 гр. ванилин шеќер (може и ванила арома)
10 гр. прашок за печиво
1 лажичка оцет
околу 500 – 550 гр. брашно
околу 100 гр. џем или неколку лажици (џемот кој најмногу го сакате и подобро е да биде густ)
шеќер во прав за посипување.

Подготовка:

Измешајте ја водата, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, маслото и оцетот.

Додадете го брашното и замесете меко тесто.

Оставете да стои 10 минути и премесете. Расукајте кора од тестото.

Со чаша со дијаметар од 6 см или 8 см вадете кругчиња, на секое ставајте малку џем, полопете на половина и со вилушка притиснете ги краевите.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути. Колачињата треба да заруменат од сите страни.

Додека се топли извалкајте ги во шеќер. Деталната постапка погледнете ја во видеото! Пријатно!

Слични објави

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.
Се вчитува....