9.8 C
Скопје
20:07 - 21 април, 2026

Тајната на квалитетното солило: Сирењето купено од продавница може да добие уникатен вкус со малку труд

За да се подготви сирење, потребна е мајсторија. Дури и да успеете во тоа, треба да знаете дека неговото чување е еднакво важно како и неговата подготовка.

За да го чувате сирењето подолго време, треба да отстои во саламура т.е. солило на температура од околу 10 степени. Независно дали сирењето ви е подготвено дома или купено во продавница, тоа нема да ги сочува својот вкус и квалитет ако не направите солило.

Различни луѓе ја прават на различни начини, но основните состојки се исти – вода и крупна морска сол.

Подготовката е многу лесна. Ја мешате водата и додавате сол, па со готовото солило го полевате сирењето и го притискате одозгора да не излегува над солилото. Многумина сигурно имаат гледано бабите како го прават солилото. Отприлика ставаат сол и вода, па на крај ставаат едно цело свежо јајце. Ако исплива на површина, тогаш солилото е готово.

Но, ако ви треба прецизен рецепт, тогаш во литар вода се ставаат 200 г морска сол. Се прави хомоген раствор и со него се полева сирењето.

Добро е да користите зовриена и оладена или купена вода од продавница, затоа што водата од чешма е полна со хлор, флуор и други супстанции кои по некое време можат да го расипат сирењето.

Некогаш се случува иако сте направиле добро солило сирењето да омекне и стане лигаво. Затоа во некои рецепти се предлага да се додаде малку лимонтуз или натриум бензоат (конзерванс). На еден литар вода се ставаат 2 грама лимонтуз или 1 грам натриум-бензоат. Но со оглед дека често се пишува и зборува за штетноста на конзервансот, подобро да почесто да правите солило за помали количини сирење и да го чувате во фрижидер.

Слични објави

Тајните на совршениот унгарски гулаш: Ви носиме три проверени рецепти

Т.Ц.

Рецепт за феноменално домашно пилешко гиро

Т.Ц.

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан – крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.
Се вчитува....