10:44 - 20 април, 2026

Со зачини интензивирајте го вкусот на оброкот

Ако сте љубител на месо, тогаш сигурно знаете дека зачините можат многу да помогнат околу подобрувањето на неговиот вкус. Вообичаено во подготовката на месото се користат зачини какви што се: лук во прав, црн бибер, мелен црвен пипер, нане…

Сепак, различните видови месо бараат различни видови зачини, па покрај т.н. универзални додатоци, за да станат повкусни и поароматични додајте уште неколку зачински растенија.

Ако сакате да подготвите ароматично свинско месо, во тој случај, зачинете го со сол, црн бибер на почетокот на неговата термичка обработка како и со црвен пипер, кој ќе го додадете на самиот крај. Бидејќи свинското месо има карактеристичен мирис и вкус, нему можете слободно да му додадете и жалфија, нане, ловоров лист, па дури и парчиња сечкан кромид. Сите овие додатоци ќе го направат оброкот незаменлив.

Црниот и црвениот пипер важат за најдобри додатоци на пилешкото месо. Подготовката на пилешки крилца буквално е незамислива без додавање лут буковец како и на бибер во зрна.

За истакнување на вкусот на пилешкото месо, можете да додадете и рузмарин, жалфија и босилек. Секако, доколку сметате дека ова се премногу зачински растенија за подготовка на овој вид месо, слободно изоставете некој од нив. Секогаш водете се според својот вкус и никогаш нема да погрешите.

Слични објави

Тајните на совршениот унгарски гулаш: Ви носиме три проверени рецепти

Т.Ц.

Рецепт за феноменално домашно пилешко гиро

Т.Ц.

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан – крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.
Се вчитува....