14.8 C
Скопје
16:17 - 25 април, 2024

(РЕЦЕПТ) ДЕСЕРТ СО МЕЛЕНО МЕСО: Несекојдневните пити кои се јадат во Англија за Божиќ

мелено месо пита

Потеклото на англиските пити е многу старо и веројатно датира од средниот век. Tрадиционално се служaт за време на божиќната сезона. Состојки на питата може да се следат дури до 13 век, кога европските крстоносци кои се враќале дома, со себе донеле рецепти од Блискиот Исток што содржеле месо, овошје и зачини.

Состојките ја претставуваат христијанската симболика на подароците доставени до Исус од страна на библиските мудреци. Питите со мелено месо, на Божиќ, традиционално биле обликувани во долгнавеста форма, за да личат на јасли и честопати биле декорирани со приказ на детето Христос.

(РЕЦЕПТ)ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ДАНСКА: Божиќни путер колачиња, или по нашки ванилици!

 

Потребни состојки:

За тестото:

  • 400 гр брашно, просеано
  • 200 гр путер
  • ¼ кафена лажичка сел
  • 40 гр шеќер во прав
  • 35 гр жолчки (помеѓу 1½ и 2 жолчки)
  • 5 лажици ладна вода

За премачкување:

  • 1 жолчка измешана со 1 лажица млеко

За меленото месо:

  • 500 гр ситно мелено говедско или јагнешко
  • 200 гр говедски лој, рендан
  • 190 гр црвено суво грозје
  • 190 гр рибизли
  • 80 гр бело суво грозје
  • 3 кисели јаболка, ситно сецкани
  • 450 гр кафеав шеќер
  • 2 лажици кандирана кора од лимон
  • 2 лажици кандирана кора од портокал
  • 25 гр излупени бадеми, ситно сецкани
  • 1 лимон, кора и сок
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1 ½ лажичка мелен цимет
  • ½ лажичка морско оревче, свежо изрендано
  • ¼ лажичка мелено каранфилче
  • ¼ лажичка мелен пипер
  • ¼ лажичка мелен пимент/енибар
  • ¼ лажичка мелен ѓумбир
  • ¼ лажичка мелен коријандер
  • 2 лажици коњак или ракија
  • 2 лажици темен рум

За наросување:

  • Шеќер во прав

(РЕЦЕПТ) ХРИСТОВ ЛЕБ: Креолска верзија на совршениот Божиќен колач

Инструкции:

Тесто:

Извадете го путерот од фрижидер, исечете го на ситни коцки и оставете го на собна температура 20 минути.

Измешајте ги и замесете: путерот, шеќерот во прав и брашното, за да формирате смеса што личи на ситна презла. Додадете ја жолчката и постепено додавајте ја водата месејќи додека не добиете меко тесто. Потоа формирајте го тестото во топка. На лесно набрашнета работна површина замесете го тесто за да се изедначи. На крајот, тестото расукајте го во топка и оставете го да отстои во фрижидер 3 часа.

Мелено месо:

Соединете ги сите состојки освен коњакот (или ракијата) и румот во тенџере и оставете да зоврие на силен оган. Намалете ја температурата на минимум и динстајте, непокриено, 2 часа, со често мешање, особено кон крајот за да не изгори. Ако прерано се намали течноста и меленото месо почне да се лепи или да гори на дното, додадете малку сок од јаболко или вода. 15 минути пред крајот на готвењето додадете ги коњакот (или ракијата) и румот и убаво измешајте. Оставете да се излади.

Склопување и печење:

Загрејте ја рерната на 210°C. Расукајте го тестото до дебелина од околу 2,5-3 мм и обложете сад за пита со дијаметар од 22 см или калапи за тарт со дијаметар од 8-10 см. Ставете го меленото месо во основата на тартот или тартовите.

Со калапче, исечете ѕвездички, кругови или линии од остатокот од тестото и ставете ги на меленото месо, оставајќи неколку отвори за да може пареата да излезе. Намачкајте ги рабовите на питата или тартовите, како и целата декорација на тестото одозгора, со смесата од жолчка со млеко.

Намалете ја температурата на рерната на 175°C. Печете 30 минути или додека не порумени. Откако ќе се испечат, одозгора просејте шеќер во прав.

На здравје!

(РЕЦЕПТ) ТРОПСКИ НОЌИ: Телепортирајте се во Куба со овој перверзен сендвич!

Слични објави

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо
Се вчитува....