20:26 - 25 ноември, 2026

(ВИДЕО) АЛЕК БОЛДВИН СО БОЖИЌНА ПОРАКА: Секој ден мислам на тоа…

Алек Болдвин објави видео на Инстаграм во кое го честита Божиќ и им се заблагодарува на сите оние кои му испратија поддршка откако тој ненамерно ја уби Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Rust“.

– Добив стотици мејлови од пријатели, членови на семејството, колеги и познаници со кои одамна не сум се слушнал. Навистина сум им благодарен, вели Болдвин на чие лице се гледа исцрпеност од трагедијата што се случи на филмски сет.

Болдвин нагласи и дека постојано мисли на Халина.

– Мило ми е што некои делови од сето ова наскоро ќе останат зад мене. Сепак, за сите нас кои бевме дел од тој настан, ова никогаш нема да биде минато бидејќи Халина почина на многу трагичен начин. Ниту еден ден не поминува без да не размислувам за тоа, објаснува глумецот и додава дека единствена грижа му е празниците да ги помине дома со семејството.

– Внимавајте, носете маска и вакцинирајте се со уште една доза. Не дозволувајте Дедо Мраз да се спушти низ оџакот без маска – зборува тој.

Инаку, минатата недела беше издадена наредба за увид на неговиот мобилен телефон како дел од истрагата за смртта на Халина. Обвинителот во Ново Мексико, кој ја надгледуваше истрагата, рече дека некои од луѓето кои го користеле оружјето на сетот може да се соочат со кривични пријави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

 

Слични објави

Неда Украден ја откри точната сума на нејзината пензија: „Не носам пари на Кајманските Острови“

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо

„Кредит за ташна е без памет, брз кредит за Нова година исто така“: Миа Костова искрено за парите и животот без долгови

К.С.

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Еспресо

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.
Се вчитува....