08:57 - 14 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пролетта се враќа среде зима, проверете од кога до кога!

– Утре ќе се задржи сончево време со умерена локална облачност, додека повеќе облачност ќе има во западните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа од недела па натаму следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните предели. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и максималните дневни на почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи сончево време со умерена локална облачност, додека од недела па натаму ќе има повеќе облачност. Ќе дува и умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Особено во почетокот од следната недела ќе има услови за повремен локален дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 9 степени.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....