22:47 - 9 ноември, 2026

Поздрав од купечкиот: Направете сами домашен интегрален леб

Овој леб можат да го направат оние кои имаат пекач за леб, но може да се пече и во обична рерна.

Потребно ви е:

– 480 гр пченично интегрално брашно

– 150 гр ржано брашно

– 150 гр брашно од хељда

– 1 рамна лажичка сол

– 2 лажици маслиново масло

– кесичка сув квасец

– 500 мл вода

Подготовка:

Оние кои ќе го печат во пекач за леб нека се водат според упатствата на нивниот апарат и нека го користат режимот за црн леб.

Оние кои ќе го печат во рерна, потребно е да ги помешаат сите состојки и да ги замесат како секој леб, да остават тестото да нарасне 30тина минути, да го премесат и да го стават во плех, калап, по избор и повторно да го остават да нарасне уште 30тина минути. Печете го на 180 степени околу 50 минути.

Слични објави

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.
Се вчитува....