31.8 C
Скопје
17:23 - 19 септември, 2026

Одличен избор за појадок или вечера – Превкусен ирски тост со пржен кашкавал

Ви даваме одлична идеја за превкусни ирски тостови кои одлично ќе ви дојдат за појадок или вечера…

Потребни состојки за 6 лица:

– 150 милилитри млеко
– 1,5 лажица брашно
– 400 грама чедар кашкавал
– 160 грама презла
– 1 лажица сенф
– 120 милилитри темно пиво
– 2 жолчки од јајца
– 4 млади кромитчиња
– 6 парчиња леб за тост

Начин на подготовка:

Загрејте го млекото, па потоа додајте во него брашно и мешајте се додека не зоврие. Кога ќе почне да зоврива, намалете ја температурата со цел млекото малку да се згусне. Додајте го кашкавалот и мешајте на ниска температура се додека не се стопи целосно, а потоа додајте ги и презлата, сенфот и темното пиво. Мешајте додека смесата не се соедини целосно.

Тргнете го тенџерето од оган и оставете го малку да се олади. Откако ќе се олади додадете ги жолчките и добро промешајте, а потоа додадете го и кромидот. Сипете ја смесата на лепчињата и потоа ставете ги во рерна да се загреат. Печете се додека не поруменат и не добијат златно-кафеава боја. По желба, можете да печете со претходно подготвени печурки.

Слични објави

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.
Се вчитува....