11.8 C
Скопје
09:42 - 21 октомври, 2026

Нека не ви биде здодевно ова попладне: Направете чоколадни коцки со џем и бисквити – Најбрзиот колач за секој ден (ВИДЕО)

Мек и ароматичен колач кој многумина го обожаваат…

Состојки:

2 јајца, 100 гр чоколадо, 100 гр шеќер, 80 гр брашно, половина прашок за пециво, малку цимет, 50 грама путер.

За прелив:

100 грама чоколадо, 1 лажица млеко, 2 лажици масло, џем по избор.

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го брашното со прашокот за печиво, растопениот путер, растопеното чоколадо и малку цемет.

Се измешајте, сипете во мал плех и печете на 200 степени околу 35 минути.

Врелиот колач премачкајте го со џем, па прелијте го со растопеното чоколадо со млеко и масло. Одозгора украсете со кршени бисквити.

Рецептот го позајмивме од популарниот канал „Bakina kuhinja“, а целосната постапка можете да ја погледнете во видеото долу. Рецептот почнува на 4:40, по кусото интро за ситуацијата со коронавирусот.

Пријатен апетит.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....