13:03 - 30 јули, 2026

Мезе кое го носи духот на Мексико, пробајте го префинетото гвакамоле (РЕЦЕПТ)

Гвакамоле е додаток на јадење, мезе или салата, кое поради специфичниот вкус е популарно насекаде низ светот, а е карактеристично за мексиканската кујна.

Основата на вкусното гвакамоле е авокадото. Се верува дека неговото потекло датира уште од времето на Ацтеките во Мексико.

Денес гвакамоле е дел од секоја модерна мексиканска кујна, но одлично е прифатено и во американската кујна. Новите рецепти вклучуваат и домати, чили или црн пипер, јогурт, босилек и различни дополнителни зачини.

Погрешно е мислењето дека гвакамоле е паста од авокадо, зашто во доброто гвакамоле мора да го почувствувате и лукот, пиперчињата и коријандерот но и парчиња, од мекото авокадо.

Состојки

Половина врзоп млад кромид

Половина врзоп аспарагус

1 лук (истолчен)

1 поголема лута пиперка (ситно исечкана)

5 лажици ситно исечкан коријандер

3 зрели авокада

Сок од 1 лимон

Половина зелен лимон

Сол

Подготовка

Загрејте ја тавата со една лажица маслиново масло на силен оган. Во жешката тава ставете ги младиот кромид ситно исечкан, аспарагусот (исечкан) и половина лимон и печете се додека не добијат смеѓа боја. Оставете да се изладат.

Во меѓувреме излупете ги авокадата и отстранете ги семките, па изгмечете ги. Исечкајте ја лутата пиперка на многу ситни парченца, иситнете го коријандерот, а лукот истолчете го. Додадете ги на изладените кромид и аспарагус. Важно е гвакамоле да има мали парченца од авокадо односно авокадото не смее да биде целото како паста.

Со мешање поврзете ги сите состојки, па зачинете ги со сол и сок од лимон.

Послужете со пченичен чипс.

Слични објави

Голем Град – мистичниот остров на Преспанското Езеро со илјадагодишни фои, пеликани и траги од минатото

Т.Ц.

(Видео) Низ овој тунел на Хвар возачите возат со страв – не е за оние што страдаат од клаустрофобија

Т.Ц.

Француски колач со јогурт – рецепт што им успева и на почетниците

Т.Ц.

Како да направите неодоливо крцкави похувани тиквички

Т.Ц.

Фрапучино со сладолед – идеален пијалак за летните горештини

Еспресо

Освежителна пита со праски без печење што буди носталгија за детството

Т.Ц.
Се вчитува....