33.8 C
Скопје
15:50 - 9 септември, 2026

Брз, лесен и вкусен ручек за денес – Макарони со кулен и топен кашкавал

Доматен сос, кулен, топен кашкавал и многу јаглехидрати од макарони, веројатно ќе се согласите дека звучи одлично.

Па како можете да го направите овој рецепт?

 

Потребни состојки:

2 лажици масло (сончогледово или маслиново по желба)
1 мал сечкан кромид
2 лажици брашно
2 шолји млеко
2 шолји рендан кашкавал
1 лажица сушено оригано
150g кулен
500ml доматен сос
1 пакување макарони

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во еден сад ставете ги макароните да се варат во зовриена вода.

Во сад загрејте го маслото, додадете го сечканиот кромид и мешајте додека не се запржи кромидот (отприлика 5 до 7 минути). Додадете го брашното, промешајте додека не добиете компактна смеса и потоа полека додавајте го млекото.

Мешајте постојано, додека не исчезнат грутките од брашното.

Додадете 1 ½ шолја кашкавал, оригано и кулен. Мешајте додека кашкавалот не се растопи целосно. Додадете го доматниот сос и претходно сварените макарони.

Префрлете ги макароните со сосот во една поголема тава или четири помали керамички чинии.

На секоја од нив додадете го преостанатиот кашкавал и ставете ги да се печат во рерна додека кашкавалот не се растопи и не добие златно жолта боја.

Послужете додека е топло.

Пријатно јадење…

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....